Новата електрична Kia EV6 за еден ден освои 21.000 купувачи во Ј. Кореја

Само во првите 24 часа, КIA доби над 21.000 резервации во Јужна Кореја за новиот електричен модел ЕV6, пишува Insideevs…

Тоа е слично ниво на интерес што Корејците го покажаа за сестринскиот електричен модел Hyundai Ioniq 5, кој го резервираа 23.760 луѓе за еден ден. Сепак, треба да се напомене дека ова се резервации преку Интернет, кои допрва треба да се реализираат во форма на нарачки, пишуваaт агенциите.

Kia сè уште не објави колку луѓе се заинтересирани за EV6 во Европа, но познато е дека Hyundai за моделот Ioniq 5 за само една недела доби дури 236 000 резервации на Стариот континент.

Патем, заинтересираните купувачи можат да го резервираат моделот Kia EV6 во Европа со плаќање на депозит од 100 евра, додека книгата за нарачки ќе биде официјално отворена во мај.

Тие кои ќе ги платат парите за возилото, својот примерок  ќе го добијат најрано во септември тековната 2021 година, за кога се најавени првите испораки на овој модел. На клиентите во Европа ќе им бидат понудени три верзии на EV6: основниот модел, варијантата , GT-line и топ верзија на GT.

Од Kia ветуваат дека секој што ќе го резервира својот автомобил пред 30 април и официјално ќе го нарача пред 31 декември, ќе има можност една година бесплатно да го полни возилото на мрежата на електрични полначи Ionity.

Исто така, тоа ќе биде бесплатна претплата на услугата KiaCharge, која вклучува пристап до дури 210.000 полначи низ цела Европа.

За потсетување, Kia EV6 ќе биде достапен во повеќе конфигурации на погонот, како и со стандардни и батерии за продолжена автономија на возењето. Основниот модел е опремен со батерија со капацитет од 58 kWh, а се напојува со електричен мотор од 170 КС (125 kW) и 350 Nm максимален вртежен момент достапен веќе од стартот, монтиран на задната оска.

На врвот на палетата е верзијата EV6 GT, која е достапна само во варијанта со погон на сите тркала и поголема батерија.

Комбинираната моќност на двата електромотора е 585 КС (430 kW), а максималниот вртежен момент е 740 Nm.

Оттука и импресивното забрзување – автомобилот од 0 до 100 км/час „спринтира“ за само 3,5 секунди, пред да достигне максимална, електронски ограничена 260 км/ ч.

Kia наведува дека EV6 GT може да помине 405 км со полна батерија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спринт квалификации на три трки во Formula 1 во сезоната 2021

FIA иницира нова тркачка класа на електрични болиди

Фантастичен резултат на Македонците на „Хунгароринг“

F1 ги премести квалификациите поради погребот на принцот Филип

Мајами од наредната 2022 година во календарот на F1

Кам-бек на „ТВИНГОВЦИТЕ“: Сезоната стартува викендов на  „Hungaroring FIA CEZ“

Како се тестира (малтретира) Porsche 911 GT3

WRC шампионатот од следната сезона поаѓа во хибридна иднина

Toyota Yaris Автомобил на годината во Европа за 2021