Новата Fiat Panda Waze, еволуција на нај социјалниот градски автомобил!

Нов лик, нови мотори за посебнава серија меѓу кои и 0,9-литри TwinAir со 85 KS и во 4×2 верзијата, нови шест варијанти на две бои на каросерија, украсни Waze значки, блескави црни детали, фелни во две бои од 15 инча, потврда за интеграција на  Waze апликација за навигација во Panda U-Connect апликација..

Новата Panda Waze еволуција на нај поврзаниот на социјални мрежи, досега, градски автомобил пристига во салоните на Fiat.

Успехот на првата верзија, особено помеѓу помладите возачи, веќе во првата година е потврден со придонесот кон растот на продажбата на Cross изведбата на Panda во Европа од 45 %.

Fiat Panda не случајно е најпродаваниот градски автомобил во Европа веќе 15 години и апсолутно најпродаван автомобил во Италија од 2012 та.

Новото посебно издание се издвојува по „Waze значката над предните калници и новата, по прв пат достапна комбинација на две бои на каросерија. Црн покрив може да дојде во комбинација со другите бои од палетата, конкретно со Gelato White (бела), Giotto Blue (сина), Sole Yellow (жолта), Moda Grey (сива), Amore Red (црвена) и метално сива – Colosseo Grey.

Како впечатлив контраст на надворешноста, овој автомобил има блескаво црни детали на заштитната плоча, рачките на вратите и куќиштата на ретровизорите.

Севкупниот изглед го заокружуваат фелните во две бои со големина од 15 -инча.

Од друга страна, внатре се седишта преслечени со црна ткаенина, a шевовите се во бела и зелена боја што на ентериерот му даваат младешки и динамичен стил.

Една од поголемите новини е дополнувањето во моторната понуда со агрегат со волумен од  0,9-литри –TwinAir со моќ од  85 KS во комбинација со мануелен менувач на брзини што силата ја пренесува на тркалата од предната оска  и е гарант за уживање во динамично, но воедно и економично возење, како и одлично ниво на удобност, дури и при повисоко ниво на вртежи.

Палетата на мотори вклучува и 1,2-литри бензинец со 69 KS, со мануелен менувач на брзини и пгон на предните тркала, како и бензинец од 0,9-литри- TwinAir  со 85 KS, со мануелен менувач и погон на сите четири тркала.

Новата Panda Waze се надоврзува на тренд технологијата едноставна за користење што стартува во 2018 година со појава на првиот градски автомобил во сегментот што понудил интеграција со познатата Waze апликација за навигација, во склоп на Panda U-Connect апликацијата.

Таа дигитална комбинација, развиена од Mopar – бренд во рамките на FCA групата задолжен за производи и услуги што се купуваат откако автомобилот ќе излезе од погоните на фабриката – е пред останатите поради големиот број на услуги што се вклучени во цената на автомобилот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Серискиот Alfa Romeo Tonale на пазарот во 2020 или 2021

Конечно пристигнува новиот Nissan Juke на нови фотки!

Светски премиери на Opel IAA 2019, Нова Astra, Corsa и Grandland X plug-in хибрид

Škoda Superb RS (2020), дизелски 240 KS, предизвикувач на спортската елита!

Rezvani Tank – Најсилниот SUV на светот

Специјално изданија на Lexus LC 500

Fiat Cronos HGT за жал не и за Европа!

Нова Kia Mohave

Третата генерација на Opel Insignia (2022) ќе биде изведена од Peugeot 508