Новата генерација Ford Kuga со 5 ѕвезди на Euro NCAP тестот!

Новата генерација на популарниот SUV модел Ford Kuga ги доби највисоките можни оцени од 5 ѕвездички на тестовите за безбедност на независната организацијаза испитување на судири Euro NCAP…

На новите строги тестови Kuga доби 92 %  за безбедноста на возрасните патници и максимален број на бодови за странични удари.

Структурата на Kuga е изработена од челик со висока цврстина по целата каросерија, a дизајнерите користеле интелигентни решенија за подобра заштита од удари вклучувајќи го и ултра силното 3D валање на челичната цевка вградена во секој A-столб и долж линијата на покривот.

Дополнителните Ford Co-Pilot360 технологии развиени за да му помогнат на возачот на Kugа да го избегне одвлекувањето на вниманието и незгоди вклучува:

 Системот на Ford за асистенција против судир со детекција на пешаци и велосипедисти на крстосници, претставува нова функција во понуда за прв пат на европскиот пазар. Системот може автоматски да ги активира сопирачките за да се избегне, или ублажат последиците од незгодата ако возачот врти пресекувајќи го сообраќајот што надоаѓа, ако процени дека судирот е неизбежен.

Систем на задржување во лентата на возење со препознавање на работ на коловозот му помага на возачот сигурно да го врати во средината на сообраќајната лента или подалеку од работ на тротоарот, карпата или површините со трева  со нежно вртење на управувачот.

Систем на задржување на сообраќајната лента со асистенција за „мртви агли“, што го комбинира системот  Blind Spot Information System (BLIS) на Ford и Lane-Keeping System за следење на мртвиот агол на возила што се приближуваат одзади на патишта со повеќе сообраќајни ленти. Ако возачот сигнализира промена на лентата или системот за управување регистрира промена на лентата  кога друго возило се приближува во неговиот мртов агол, се применува насочување на возачот за да се предупреди на опасноста и да се откаже од планираниот маневар. И овој систем за прв пат се вградува во возилата на Ford во Европа.

Систем на предупредување на возила што поминуваат зад автомобилот (Cross Traffic Alert), го предупредува возачот за сообраќајот што надоаѓа при излегување од паркинг со возење наназад. Системот може да ги активира сопирачките за да се избегне судирот или да се ублажат последиците од истиот ако возачот не реагира на предупредувањето.

Системот за избегнување на судир (Evasive Steering Assist) создаден за делување во градскиот сообраќај и на автопат. Користи радар и камери за откривање на возила што се движат побавно или мируваат давајќи поддршка во управување на возачот во маневар за да се избегне судирот.

Предупредување за погрешна насока (Wrong Way Alert), системот користи камера поставена на ветробранското стакло и информации од системот за навигација на автомобилот за да на возачите им понудат звучни и визуелни предупредувања ако налетаат на знаци погрешна насока на автопат.

Адаптибилниот систем на Ford на предното осветлување со препознавање на светла зад свиок, што однапред го прилагодува снопот на предните светла за максимална видливост во свиоци, раскрсниците и кружните текови.

Во случај на сообраќајка, новиот систем на кочење по судирот (Post collision braking) помага во намалување на последиците од потенцијален секундарен судир со автоматска примена на умерен притисок на кочницата кога че се открие првичниот судир. Забавувањето на возилото може потенцијално да ги намали повредите на патниците и понатамошната штета на возилото.

Заштитата на децата во новата Ford Kugа исто така доби високи оценки, со 86% од можните поени.

Минатиот месец, новиот SUV Ford Explorer Plug-In Hybrid со седум седишта исто така доби максимална оценка за безбедност од 5 Euro NCAP ѕвездички. Тоа е првото електрифицирано возило на  Fordсо максимална оценка за безбедност во согласност со новите, построги протоколи што се применуваат од минатата 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шест финалисти конкурираат за титулата Автомобол на годината во Македонија

Брз и успешен старт за Ssang Yong и Аутомакедонија

Dacia со секоја година се подобра и подобра

Lada во 2019 со мал пад на продажбата во Европа, но доминира во Русија!

Од Nissan со демант дека бараат развод на „бракот“ со Renault !

Дизелите повторно на удар, нови податоци пак фрлаат дамка на нив

Mеrcedes и Gеely со заеднички проект вреден околу 800 милиони долари!

Пристигнува најмалиот- baby Jeep!

Honda Civic Type R во Токио ќе ја покаже освежената појава