Новата генерација на Ford Mondeo пристигнува 2021

Иако се појавија шпекулации дека во Ford би можеле да го укинат моделот Mondeo, сепак тоа е демантирано со информацијата дека Компанијата веќе подготвува наследник, а работите на новата генерација се веќе во напредна фаза…

Со само 30.782 продадени примероци во првите девет месеци од минатата 2019 година , Ford Mondeo не може да се пофали дека одлично се справува со конкуренцијата во D сегментот на пазарите на Стариот континент, пишуваат агенциите.

Само за споредба ќе наведеме дека лидерот во сегментот, VW Passat, во истиот период испорачал  90.621 автомобили на пазарите ширум Европа, а второ пласираната Škoda Superb во истиот период на истите пазар е продадена во 51.734 единици.

Во таа конкуренција Mondeo се најде на петтата позиција во класата  пред шесто пласираниот Peugeot 508.

Сепа, според текстот во магазинот Autocar, тоа би требало да се промени со новата генерација на Mondeо, што, од истиот извор тврдат, треба да пристигне во втората половина на наредната 2021 година.

Од Autocar се повикуваат на интерни документи од европската филијала на Ford што „протекоа“ на Инернет, a во кои се спомнува фабричката ознака  -Mondeo CD542, помеѓу моделите за 2022 година.

Инаку, ознаката CD542 порано е користена за наследникот на Ford Fusion, американската верзија на актуелниот Mondeо, од која во Ford во меѓу време се откажале.

Се верува дека наследникот на актуелната генерација на европскиот Ford Mondeo ќе ја користи C2 модуларната механичка платформа, на која патем речено е изградена и новата генерација на продажниот хит на брендот со син овал во логото  Ford Focus.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Привремено запрено производството на Audi E-Tron

Македонска премиера на Volkswagen Golf 8

Новат Оpel Corsa Автомобил на годината во Македонија за 2020!

Range Rover Evoque најомилен компактен SUV во Европа

Auto, motor und sport: Abarth 595 е Најдобар автомобил пет години поред

Произведени седум милиони Škoda Octavia!

Volkswagen официјално го покажа лицето на новиот Golf GTI

Пад на побарувачката на нови автомобили на почетокот на годинава во Европа

VW Group повторно ја одложи одлуката за фабрика во Турција