Новата генерација на Ford Mustang пристигнува следниот месец!

Седмата генерација на легендарото пони, што стана muscle car икона би можело да дебитира во Детроит во септември , а прродажбата би требало да започне следната 2023 година…

Најновата вест е дека новиот Ford Mustang S650 би можел да го има своето деби на северноамериканскиот меѓународен саем за автомобили во Детроит во 2022 година. Годинава саемот ќе се одржи од 17 до 25 септември. Последниот саем се одржа пред пандемијата на коронавирус во 2019 година.

Мustamg ја започна својата долга историја на 17 април 1964 година, кога беше претставено неговото прво возило. Затоа, се вели и дека седмата генерација на Ford ќе ја има својата премиера на 59-годишнината од автомобилот – 2023 година.

Сепак, Automotive News има други информации. „Лице запознаено со плановите на Ford“ известува дека најновиот Mustang ќе биде претставен во септември во американската автомобилска мека – Детроит.

Најновата верзија на Mustang треба да ги преземе верзиите на моторот од неговиот претходник. Тоа значи дека покрај моторите со четири и шест цилиндри, постои можност – на задоволство на љубителите на автомобили – да го задржи и V8 моторот.

Се шпекулира и за хибридна верзија на Mustang, а првите изјави на Ford за новата генерација сугерираат дека ќе остане опција со мануелен менувач.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Lancia Delta Evo-e RX на Леб со „одежда“на Martini

Во В. Британија стравуваат: Електричните возила се премногу тешки

Dacia ќе учествува на релито Дакар од 2025 година

Кон крајот на годината Audi ќе го тестира својот Ф1 мотор

Toyota GR H2 Racing Concept

Porsche- Откако е одбиен од Red Bull и McLaren повеќе не сака да влезе во F1

Opel и ADAC го продолжуваат партнерството во рели купот на електрични возила

Alpine A110 GT4 Evo за Pikes Peak

Извршниот директор на F1 овој спорт никогаш нема да прејде на електрични автомобили