Новата генерација на Лилипутанецот на струја Renault Zoe со автономија од 400km

Новата генерација на малиот градски електричен автомобил на Французите – Renault Zoe ќе има промоција за неколку недели а со себе ќе донесе поголема моќност и автономија на возење со едно полнење на батериите …

Да се потсетиме со самото претставување на првата генерација во 2013 година, Renault Zoe стана еден од најпопуларните електрични автомобили на Стариот континент.

Лани, само во Германија биле регистрирани околу 6.400 примероци, со што бил најпродаван електричен автомобил со пет врати во земјата.

Неодамна, Французите преставија новата верзија со батерии со капацитет од 41 kWh и поголема моќ – 80 kW.

Во однос на автономијата, Renault вели дека сега ќе може да вози до 316km по новиот WLTP циклус со едно полнење на батериитее .

Следната генерација на електрични мали автомобили треба да дебитира оваа година, со значително поголемa aвтономија и подобрувања во поглед на технологијата за полнење.

Новата генерација на Renault Zoe визуелно би требало да се појави како дотерување, бидејќи изгледот на моделот останува речиси идентичен a тоа и се гледа од шпионските фотографии на прототип моделите што се во финална ваза на тестирање и се возат по патиштата во Европа.

Дизајнот на малиот електричен автомобил е наследен и базиран на последната генерција на популарниот Clio, кој беше претставен во Женева оваа година, а присутни ќе се и елементи од Zoe E-Sport, кој го видовме исто така во Женева, но во 2017 година.

Моделот добива редизајниран преден дел со нови светлосни уреди и модифициран заден дел, но  како и Clio, и Zoe ќе биде надграден со нови технолошки компоненти и системи за контрола, вклучувајќи дигитални инструменти, систем за предупредување при напуштање на лента и асистент за сообраќаен метеж.

Новиот Zoe повеќе нема да се базира на досегашната платфома на Nissan Leaf, односно втората генерација ќе биде изградена врз новата платформа наречена „New Alliance Electric Platform“, која овозможува подршка на батерискиот пакет со поголем капацитет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новата Fiat Panda Waze, еволуција на нај социјалниот градски автомобил!

Обновена Мazda2

Електричниот Lotus Evija хипер автомобил со 2000 КЅ!

Јeep Wrangler 1941 by Mopar

Opel Omega X (2020) динамична креација изведена од Peugeot 5008

Новиот Jeep Gladiator за Европа

Новиот Nissan Juke најавен за 3 септември

Кон крајот на годинава во Европа пристига Ford Explorer

Електричен Mini Cooper SE -дебитира годинава!