Новата генерација на Peugeot 308 ќе добие поткрената од тлото верзија

Французите тргнуваат во општа офанзива во C сегментот а новата генерација на Peugeot 308 од самиот почеток е достапна како hatchback и wagon (караван) варијанта но покрај конвенционалните мотори на внатрешно согорување, се нудат и верзии со батерии, поточно plug-in хибриди.

Очигледно, опсегот на 308-та значително ќе се зголеми во наредните години. Покрај очекуваното доаѓање на EV изданието, Stellantis потврди и дека Peugeot 308 ќе добие и  cross каросерија.

Францускиот „Лав“ овој последен модел внатрешно го нарекува „P54“ или „Project 54“.

Така креацијата на , четири тркала од сегментот C ќе добие нова верзија, која ќе има форма на crossover налик на coupe.

Францускиот стручен печат смета дека Peugeot со овој автомобил го таргетира Renault Arkan, но дека одделот за развој добил сложена задача – не смееме да ја загрозиме многу добрата продажба на SUV моделот.

Значи, не смее да има канибализација во рамките на портфолиото.

Уште една интересна гласина пристигнува од земјата на „галските петли“ – нема да има електрификација за Peugeot 308 Cross.

Наместо plug-in хибриди, во понуда ќе има само термомотори! Дури се верува дека дизелот ќе остане достапен за купувачите и со овој модел.

Она што Stellantis веќе го потврди е дека P54 ќе се произведува во фабриката Mulhouse.

Од друга страна, се шпекулира кога би можеле да го видиме овој crossover налик на cupe…

Некои француски новинари истакнуваат дека дебито ќе се одржи на пролет следната година, а производството ќе започне на крајот на истиот. Наводно, првите примероци ќе им бидат доставени на сопствениците на почетокот на 2023 година.

Бидејќи Opel досега слепо ги следеше чекорите на Peugeot (бидејќи е дел од групацијата PSA, односно Stellantis), треба да се очекува слична верзија да добие и новата генерација на Astra.

Со таков пристап и голем пад на продажбата на осмата генерација на Golf, јасно е дека дуото Astra-308 може сериозно да ја загрози лидерската позиција на hatchback моделот на Volkswagen.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

UAZ од Русија го напаѓа пазарот на теренски возила во САД

Новиот FIAT 500 со 19 –та награда во Европа

ŠKODA AUTO со тренинг Академија за продажба и пост-продажба

Toyota Venza sportski crossover дебитира во Кина

Новите згради во Велика Британија ќе мора да имаат приклучоци за полнење EV

Hycan Concept-S

Honda e:N SUV Concept & Honda e:N Coupe Concept

Citroen CX5 јуриша на австралискиот пазар

Колку заработуваат производителите на автомобили