Новата генерација на Suzuki Swift Sport пристига 2023

Откако неодамна ја дотера актуелната генерација на Swift, во Suzuki, според некои медиуми, веќе подготвува нова, петта генерација на овој модел од В-сегментот за летото следната година…

Покрај еволуцијата на дизајнерскиот речник и сличните пропорции, новиот Swift ќе има и нова платформа, како и нови системи за активна и пасивна безбедност.

Се споменува 1,2-литарскиот атмосферски со четири цилиндри, бензински мотор, како и 1,2-литарскиот благ (mild) хибрид со поголема моќност и помала потрошувачка од сегашниот модел.

Покрај тоа, гамата повторно ќе вклучува погон на сите тркала, како и Swift Sport.

 

Новиот Swift Sport се очекува во есента 2023 година, со засилен 1.4-литарски турбо-бензински мотор (ќе има и ISG 48V благ-хибриден систем).

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Seat Leon доби нов TSI мотор со 190 КС

MY AMI CARGO: УНИКАТНО И ПАМЕТНО ЕЛЕКТРИЧНО РЕШЕНИЕ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ

Конечно пристигна четвртата генерација на Škoda Fabia

Наскоро мал SUV на Fiat

Aiways U6

Новите Jaguar F-Pace и Jaguar E-Pace стасаа на нашиот пазар

Најавен нов Volkswagen Multivan

BMW Series 2 Coupe веќе летово, а М дури на почеток на 2023 година

И официјално нова Honda Civic