Новата Kuga подолга, поширока и со три електрифицирани мотори

Новата Kuga е претставена на „GoFurther“, во Амстердам, како дел од електрификацијата на Ford,со нови хибриди во гамата, а на пазарот би требало да стаса кон крајот на тековната и почетокот на идната 2020 година…

Производителот на автомобили од САД, вчера во Амстердам организираше настан под името „GoFurther“, на кој официјално ги претстави своите нови SUV модели, како и хибридните новитети во својата гама.

Главни ѕвезди на вечерта беа новите генерации на Kuga и Explorer, додека пак на хибридната листа покрај овие SUV, се најдоа и моделите на Focus, Fiesta, и Transit.

Третата генерација на Kuga, за која минатата недела пишуваве, сега ја преставуваме со дополнителни детали.

Таа е поширока и подолга од актуелната, а со дополнителните 20 милиметри на растојание помеѓу оскитое, просторот за патниците на задните седишта е значително зголемен.

Кон ова придонесува и новата опција на поместување на задната клупа, со чие поместувањен напред се зголемува багажниот капацитет за дополнителни 67 литри, додека патничкиот простор се зголемува со поместување назад.

Новата  Kuga  се базира на нова платформа – C2, која покрај придобивките кон зголемувањето на пратичноста, овозможува овој Ford да се најде на хибридната листа.

Таа исто така прифаќа и широк спектар на погонски единици, поточно три хибридни и две конвенционални.

На листата на мотори со внатрешно согорување се наоѓа 1,5 литарскиот турбо бензински EcoBoost кој е превземан од Focus, а доаѓа во две варијанти, со 119 КС и 148 КС.

Дизелскиот спектар е сочинет од 1,5 литарскиот EcoBlue со 119 КС и 2,0 литарскиот EcoBlue со 178 КС, кај кои е достапна можноста за избор на осум-степен автоматски менувач.

Првата хибридна изведба на Kuga користи 48 волтен благ хибриден систем, кој доаѓа во комбинација со 2,0 литарскиот дизел мотор.

Се одликува со генератор управуван од ремен кој го заменува стандардниот алтернатор и ја акумулира енергијата при сопирањето, со цел да го зголеми забрзувањето, но тоа не е доволно за овој автомобил да работи само на електрична енергија.

Втората хибридна изведба на Кuga Hybrid со погон на сите четири тркала, кој користи 2,5 литарска бензинска единица во комбинација со електричен мотор, напојуван од мала литиум-јонска батерија.

Благодарение на овој погон, новата Kuga може да патува во целосно електричен режим на кратки патни интервали, а ќе биде достапна од идната 2020 година.

На врвот на понудата се наоѓа Kuga Plug-in Hybrid, опремен со 2,5 литарскиот бензинец придружуван од електричо мотор, управуван од литиум-јонска батерија со капацитет од 10.3 kWh.

Во ентериерот во средината на цетралната табла се наоѓа осум-инчниот екран на допир кој овозможува пристап до SYNC 3 инфозабавниот систем, компатибилен со Apple CarPlay и Android Auto. Tука е и head-up дисплејот, како и FordPass Connect, преку кој можат да се поврзат и до 10 уреди одеднаш.

Најголем новитет во моделот претставува 12,3-инчниот дигитален инструментен панел, кој за прв пат е дел од SUV моделите на Ford, но сепак ќе биде дел од повисокото ниво на опременост, додека класичниот аналоген панел ќе доаѓа со стандардната опрема.

Третата генерација на овој SUV ќе биде понудена во три спецификации: Titanium, ST-Line и Vignale. Сите ќе бидат опремени со заден дифузер, LED дневни светла, ретровизори во боја на каросерија, и алуминиумски фелни.

Моделите ST-Line ќе се карактеризираат со црвената предна решетка и дифузер, кровен спојлер, систем со двојни издувни цевки и 18-инчни алуминиумски фелни.

Врв на спонудата е Kuga Vignale ќе биде препознатлива по сатински хромираните завршетоци на предната решетка, браниците, како и покривните шини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претставенa новата генерација на BMW Series 3 Touring

Fiat Toro и Fiat Argo Selection

Промовирана KIA K7 Premier

Пробно производство на Aston Martin DBX

Bentley Flying Spur – ново остварување на супер луксузот

Mercedes-Benz GLB – Нов авантуриста на сребрената ѕвезда!

Новата генерација на Лилипутанецот на струја Renault Zoe со автономија од 400km

Тesla доби ривал од Кина-се вика XPeng P7

Новиот Land Rover Defender на финални тестирања во Кенија!