Мора да се признае дека тоа се радосни вести за поклниците на марката и на моделот што не се многу воодушевени од глобалниот тренд на популарност на crossover модели…
Шефот на италијанскиот бренд Лука Наполитано потврди дека претстојната наследничка на легендатната Delta ќе остане доследна на hatchback формата. „Веќе имаме планирани SUV модели, со Delta сакаме да одиме во спротивна насока. Новата Delta сигурно нема да биде crossover“, изјави првиот човек на Lancia.
Но, следната генерација на познатиот Lanci Delta модел нема да се појави наскоро.
На пазарот нема да пристигне до 2028 година, односно дури за шест години! Lancia досега потврди само неколку информации во врска со овој иден четири тркала.
Знаеме дека ќе се наоѓа во сегментот C и ќе остане во границите на компактните возила.
Наполитано неодамна потврди дека идната Delta ќе биде долга околу 4,4 метри.
Исто така тоа што до вој момент пристигна од информациите е дека претстојниот hatchback ќе биде член на EV сегментот.
Значи, комплетен прекин со славната традиција на агрегати со внатрешно согорување во овој модел…
Инаку, Lancia потврди и дека внатрешноста на претстојните возила од таа марка ќе буди спомени на познати модели од минатото на благородната италијанска.
Конкретно, ќе има спомени за Gama, Thema и Flavia (особено за Coupe верзијата на овој модел)!