Новата „лимузина“ – BYD Seal ќе настапува во истата класа како и Tesla Model 3

Седан изведбата BYD Seal ќе биде вториот електричен модел во „наутичкиот“ опсег (Marine) на кинескиот производител, со напомена дека дебито беше лансиран минатата година во форма на hatchback верзија на каросерија и под името BYD Dolphin…

И двата модели се базирани на третата, нова генерација на модуларна платформа (e3.0), но ако во случајот со споменатиот Dolphin, дизајнерите мораа да се помират со бројни компромиси за да ја задржат цената на возилото на ниска до можно, тогаш „фоката“ ( Seal може да значи во македонска транскрипција и „фока“) доби право на сите технолошки решенија што се достапни со употребата на споменатата архитектура.

Кога го знаеме тоа, тогаш некако е нормално да се слушне дека главниот ривал на кинеската лимузина е всушност референтната американска лимузина со името Tesla Model 3. BYD Seal е генерално, супериорен во однос на „тројката“. Тој е подолг за 106 милиметри и достасува во должина  до 4,8 метри, додека растојанието помеѓу оските е за 45 mm повеќе импресивно (2.920 mm).

Но, поради тоа, според ширината и висината, споредените модели се речиси идентични.

Новата платформа e3.0 вклучува електричен систем кој работи на 800 волти (за разлика од „премиум“ моделите на Mercedes – Benz и BMW кои заостануваат), а во рамката на каросеријата е вградена влечна батерија, додека климата е збогатена и се топлотна пумпа.

Дополнително, кинескиот модел смета на модерни и квалитетни решенија кога се во прашање поддршката и шасијата, па нуди двојни попречни раменици на предната оска и суспензија со пет точки на задната страна.

Главниот тимски дизајнер на BYD, би рекол со германско потекло, Волфганг Егер, кој го разви актуелниот идентитет на брендот, излезе со нов концепт на „морската“ естетика инспириран од наутичките теми.

На пример, отворите на предниот браник и праговите треба да личат на жабри (шкрги) на риба.

Покрај тоа, перката на опашката може да се констатира и од начинот на кој е стилизиран воланот, додека страничните отвори за воздух се дадени во форма на странични перки.

BYD не се обиде слепо да го копира минималистичкиот стил на ентериерот што го нуди Tesla.

Имено, BYD Seal има екран за проекција (Head Up Display – HUD) и екран за инструменти со голем формат, во стандардна опрема.

Задржани се посебни копчиња и ротирачки селектори, додека кристалниот џојстик во централниот тунел е одговорен за избор на брзини.

Опремата вклучува адаптивна контрола на патувањето (темпомат), како и систем за помош на возачот во обидот да го задржи правецот во сообраќајната лента.

Никој не спомнува авто – пилот, или нешто слично со што се фали Tesla.

BYD Seal е опремен со пакет литиум-железо-фосфатни батерии од семејството Blade, но не дознавме колкав е нивниот капацитет.

Клиентите ќе избираат помеѓу три алтернативи, од кои две се со погон на задните тркала.

Основниот седан обезбедува мотор од 204 КС и опсег со едно полнење на батериите од 550 километри.

Следната варијанта дава моќ од 313 „електрични ждребиња“ и домет од 700 километри, додека најпрестижната модификација е онаа што нуди агрегат со 218 КС напред и уште една од 313 „ждребиња“ назад.

Вкупната моќност на ова дуо погонски единици е 530 „КС. Со такво полнење на ќелиите на батеријата, седанот има автономија од околу 650 километри, додека експресно забрзува од 0 до 100 км/ч за само 3,8 секунди.

BYD има намера да им го понуди овој модел на своите сонародници (Кинези) веќе овој месец – во мај. Цените ќе се движат од 34 до 43 илјадарки пресметано во  американски долари.

Најприфатливиот Model 3 произведен од Теslа во Кина се нуди на најголемиот поединечен пазар во светот по најниска цена, што се совпаѓа со најголемата понуда на BYD Seal.

Овде можеме само да жалиме зошто плаќаме повеќе за две класи на пониско позиционирани европски модели кои заостануваат зад кинескиот…

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Peugeot Partner Rapid

Први фотографии на рестилизираниот BMW Series 3

BMW M4 Coupe 50 Jahre BMW M

BMW M3 Edition 50 Jahre BMW M

Audi A1 Allstreet

Deep Blue C385

И официјално BMW M4 CSL

BMW ја претстави подновената Series 3

Подновена Mazda MX-30