Новата Mazda6 со мотор со шест цилиндри SkyActiv-X и погон назад!

По формулата на Giulia се впушта во дуел со BMW Serieѕ3 и со Mercedes-Benz C- сlasѕ, во атрактивна  купе – лимузина изведба, што кон крајот на мината година беше најавена преку концептот Vision Coupe, што располагаше со моќ од 285 KS…

Конечно сите сериозни „играчи“ во премиум сегментот  се враќаат кон класичната концепција, но вој пат во современа hi-tech изведба, со мотори надолжно напред инсталирани, концепција што ја врати култниот модел Alfa Romeo Giulia, a секогаш ја заговарал славниот Il Commendatore.

Откако Mazda направи голем исчекор со новата серија на бензински агрегати SkyActiv-X,со компресиско палење (по концепцијата што се користи кај дизел моторите), сега се најавува наредната генерација на Mazdа6, купе – лимузина, со агрегат со шест цилиндри во линија, поставен по должина, напред, со работен волумен од  3.0-литра, со  SkyActiv X технологија, со моќност од 285 KS и момент на вртење од 345 Nm, и со погон што се пренесува на тркалата на задната оска.

Ќесе базира врз концептот Mazda Vision Coupe, претставен кон крајот на минатата 2018 година на салонот за автомобили во Градот на Ангелите, преку Големата бара.

Навистина можеме да речеме дека во Mazda сериозно се подготвуваат за влез во елитата...

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Volvo Cars не повлекува автомобили од пазарот!

Во план спортски урбан Volkswagen crossover

Volvo ќе ја проширува SUV понудата

Ford и Ми-Да Гранд Моторс во нов импортерски, продажнен и сервисен центар

Новиот  Citroen C5 Aircross SUV: Веќе  продаден во над 50,000 примероци!

Следно ниво VW и Ford договорија соработка и за автономни и за EV

Исполни ја твојата желба за нова Кia!

Новата Mazdat 3 co Red Dot Best of The Best награда

Добитници во четвртото редовно и второ мастер коло „Со Верна полни и секогаш добиј“