Новата Mazdat 3 co Red Dot Best of The Best награда

Повторно Mazda e во центтарот на вниманието со освојување на Red Dot: Best of the Best наградата за новата генерација на моделот Mazda3.

Главната Red Dot награда за дизајн на производи доделува интернационално жири составено од експерти за дизајн само за нај исклучителни производи. Претставена на почетокот на тековната 2019 година, најновата верзија на Mazdа3, најпродаван модел на Mazda,обликуван е во склад со еволуираниот дизајн KODO (душа на движењата).

Примајќи ја наградата заедно со Икуо Маеда, менаџер на глобалниот дизајн на Mazde Motor Corporation и Џо Стенуит, европскиот директор за дизајн, главниот дизајнер на Mazdа3 Јасутаке Тушида (Yasutake Tsuchida) изјавил:

„ Ги тргнавме карактерните линии и други одвишни елементи  за да ја изразиме чистотата на јапонската естетика и создадовме форма настаната со едно движење што привидно е едноставен, но едновремено и длабоко изразит. Новото на рафинираноста е создаден со работа на човечките раце со органско искуство и ние сме воодушевени што тоа го препозна и глобалната дизајнерска заедница.”

Покрај наградениот изглед, Mazda3 на возачот и на патниците им нуди искуство што е насочено кон човекот.

Однесувањето на автомобилот се чувствува сосема природно, додека истовремено се филтрираат несаканите влијанија од коловозот.

Дизајнот на кабината и распоредот на компонентите ја подобруваат употребливоста како би се спречила неудобноста и уморот.

Тоа истовремено е и првиот модел што го користи револуционерниот Skyactiv-X мотор на Mazdaпрвиот сериски бензински мотор на светот со компресирано палење што комбинира предност на бензинскиот и на дизел агрегатот .

На тој начин тој обезбедува ниска потрошувачка на гориво, како и голем вртежен момент, a истовремено ја намалува емисијата на штетните издувни гасови.

За  Red Dot наградите

Прв паат одржан 1955 година, Red Dot израсна во едно од најголемите светски дизајнерски натпреварувања.

Red Dot  -Best of the Best, признанието за револуционерен дизајн се доделени за само 80 од вкупно 5.500 пријави на годинешниот натпревар.

Најновата Red Dot награда е седма за Kodo моделите на Mazdа: потполно новата Mazda3 им се придружи на моделите: MX-5 RF, кој победи во 2017 година, MX-5  cо платнен покрив, CX-3 и Mazda2 (сите во  2015 година),претходната генерација на моделот Mazdа3 ( победи во 2014 година) и Mazdа6 (победник во 2013 година).

Критериумите за додела на наградата за дизајн на производи  Red Dot вклучуваат: креативност, иновативност,  функционалност, ергономија, симболички и емоционална содржина, квалитет што се подразбира и еколошка компатабилност.

Новата Mazda3 и другите наградувани производи од  48 категории на производи  (вклучувајќи и автомобили и мотоцикли) ќе бидат изложени на изложбата „ Дизај на сцена“ во  Red Dot Design музејот во Есен и се стекнаа со правото да го носат симболот Red Dot.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

VW го најави Nivus crossover coupe!

Во Германија на „склад“ 350,000 нови половни автомобили!

Новиот Renault Captur освои 5ѕвезди на Euro NCAP crash тестовите

Започна производството на Volkswagen T-Roc cabriolet

Alfa Romeo Stelvio QV спортски автомобил на годината!

Новата Škoda Octavia максимално безбедна потврдено на Euro NCAP тестот

Новата Škoda Rapid пристига 2021 година!

SUV треската се уште ја тресе Европа, а најбарани креациите на Volkswagen!

На Daimler му се заканува нов отповик