Новата Opel Corsa ги носи најдобрите технологии во малите автомобили!

Новата генерација на bestsellerot во В сегментот од Риселсхајм донесува револуција со IntelliLux LED® matrix светла во мал автомобил, со адаптивна пионерска технологија за осветлување без отсјај, како kaj Astra и Insignia, притоа е пријатно настроена кон околината особено со електричната верзија со батерии што доаѓа во оваа шеста генерација

Производителот на автомобили од Германија, Opel е најдемократскиот бренд, бидејќи ја нуди најдобрата технологија, за секого и тоа уште од далелчната 1899 година.

Така и годинава Opel ќе ја претстави шестата генерација на Corsa. Започнувајќи со првиот модел во 1982 година, Corsa досега е продадена во повеќе од 13,5 милиони примероци.

Таа ќе донесе револуција во осветлување на мали автомобили: повеќекратно наградуваната IntelliLux LED® matrix технологија на осветлување.

Ново развиената Corsa ќе го прикаже прв пат адаптивниот систем за предни светла со флексибилно светло кое ги импресионираше експертите и клиентите од своето претставување на сегашната генерација на Opel Astra (Европски автомобил на годината за 2016).

По нивното претставување во компактната класа, matrix фаровите (кои најчесто се наоѓаат само кај скапите премиум автомобили) ќе се појават, за прв пат, во многу популарниот пазарен Б сегмент што воедно е и најголемиот сегмент во Европа.

Уште една демонстрација на демократизацијата на технологијата од Opel – возбудлив, пристапен, германски бренд.

“Ние годинава прославуваме 120 години автомобилско производство и тоа се 120 години полни со иновации за сите”, изјави извршниот директор на Opel, Мајкл Лохшелер.

“Отсекогаш сме правеле врвни технологии достапни за сите. Тоа е нашата мисија и мотивација и се однесува особено на модел кој е популарен како Opel Corsa. Затоа ќе ја опремиме следната генерација на нашиот бестселер со најдобрата технологија на осветлување – IntelliLux LED® matrix фарови“.

Клиентите и експертите веќе се ентузијасти за технологијата на IntelliLux LED® matrix осветлувањетo што ја има во предводниците на моделите на Opel, Insignia и компактните автомобили, Astra.

Во Европа, 20 проценти од возачите на Astra, како и 60 проценти од корисниците на Insignia го нарачаат овој навистина иновативен систем.

Околу 90.000 нови автомобили на Opel, што влегуваат на европскиот пазар годишно, се опремени со matrix технологија.

Matrix предните светла автоматски и постојано се прилагодуваат на сообраќајната ситуација и околината.

При приближување до други возила или до оние што се пред вас, едноставно се “отсечени” од осветлената област.

Блесокот на тој начине е минимизиран и возачите имаат оптимална видливост –  како што наскоро ќе биде случај и со новата генерација на моделот Opel Corsa.

Електрификација: Новата Opel Corsa ќе биде вистински електричен автомобил

Opel ќе ги отвори нарачките за два нови електрифицирани модели во првата половина од 2019 година – за електричната верзија со батерија на следната Corsa, како и за Grandland X SUV како plug-in хибридно електрично возило. “Opel е електричен!”, изјави извршниот директор на Opel, Мајкл Лохшелер.

“Тоа го објавивме на презентацијата на нашиот PACE! стратешки план во ноември 2017 година, а сега ние го исполнуваме“.

Особено Corsa ќе му даде дополнителен импулс на Opel оваа година. Бестселерот, чија прва генерација ја направи својата светска премиера пред 37 години, ќе биде достапна, за прв пат, со чисто електрична варијанта.

Лохшелер ветува дека цените ќе бидат конкурентни: “Со новата Corsa ќе ја направиме електричната мобилност достапна за многу клиенти – тоа ќе биде вистински електричен автомобил за луѓето”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова Honda Jazz годинава

Серискиот Alfa Romeo Tonale на пазарот во 2020 или 2021

Конечно пристигнува новиот Nissan Juke на нови фотки!

Светски премиери на Opel IAA 2019, Нова Astra, Corsa и Grandland X plug-in хибрид

Škoda Superb RS (2020), дизелски 240 KS, предизвикувач на спортската елита!

Rezvani Tank – Најсилниот SUV на светот

Специјално изданија на Lexus LC 500

Fiat Cronos HGT за жал не и за Европа!

Нова Kia Mohave