Новата Opel Insignia ќе биде crossover

Buick Regal повеќе не е достапен во САД, но овој модел се уште е присутен во другите делови на светот. Претходната година, во 2020 година, беше освежен за кинескиот пазар, а беше рестилизирана и европската верзија под ознаката Opel Insignia. …

Тоа значи дека ќе остане во продажба уште најмалку три години, но кога ќе замине во пензија, популарната Insignia ќе биде заменета со целосно ново возило. Новата генерација на предводници на Opel нема да пристигне пред 2024 година, но веќе знаеме некои детали. Според последните извештаи, Insignia ќе се трансформира во автомобил кој во однос на конфигурацијата на каросеријата ќе биде нешто помеѓу SUV и MPV пишуваат специјализираните магазини (Auto Bild).

И Citroen C5 помина низ слична метаморфоза, а истото се очекува и во случајот со Ford Mondeo. Така, потегот на Opel има смисла. Новата Insignia ветува дека ќе обезбеди повеќе простор во внатрешноста на кабината, како и поголем багажник, секако со повисока положба за седење. Новодојденецот би можел да се заснова на архитектурата eVMP, која ќе ја дели со идните наследници на Peugeot 3008 и 5008. Доколку оваа претпоставка се покаже точна, тоа би значело дека новата Insignia ќе добие чисто електрична верзија со различни опции за батерии и опсег помеѓу 402 и 645 километри. Во однос на моќноста, тој треба да биде во опсег од 135 до 335 КС.

Бидејќи ова е темелно ревидирана верзија на платформата EMP2, оваа нова архитектура ќе му овозможи и на Opel да им понуди на своите клиенти мотори со внатрешно согорување. Сепак, не очекуваме чисто традиционален погон, туку во комбинација со електрични мотори во рамките на „plug-in“ хибридниот систем. Сегашното семејство на турбо бензински и турбодизел мотори ќе биде заменето со нови mild хибридни единици, развиени во соработка со белгиската инженерска фирма Punch Powertrain.

Со оглед на тоа што Opel повеќе не е под покривот на GM, не треба да се очекува новата Insignia да сподели нешто со наследникот на Buick Regal.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои половни автомобили се најпопуларни на Стариот континент

Салонот во Детроит во Септември, а во Париз во Октомври годинава

Honda Civic Автомобил на годината во Северна Америка за 2022

Од 2030 година Mercedes нема да нуди каравани

SsangYong доби нов сопственик

Peugeot и дефинитивно се откажува од враќање на пазарот во САД

Непрофитабилните марки во Stellantis немаат светла иднина!

Кои половни автомобили се најдоверливи- по класи

И Bentley со рекордна година