Новата Opel Manta ќе биде Coupe или  Crossover или Coupe/crossover

Manta ќе остане верна на каросеријата со закосена покривна линија, но за разлика од некогашното Coupe, ќе биде меѓу SUV/crossover моделите, со можно закосување на линијата на покривот во спортски coupe стил,,,

Во суштина, следниот автомобил ќе биде третата генерација на Manta. Потсетуваме првата генерација беше во производство од 1970 до 1975 година, а втората влезе на сцената во 1975 година и остана во продажба до 1988 година. Ова германско coupe доби култен статус на домашниот пазар и во добар дел од германскиот дел на Европа. Дали новиот модел ќе може целосно да ги исполни прилично високите очекувања на раководството на Opel, останува да видиме.

Брендот од Риселсхајм неодамна потврди дека следната Manta ќе пристигне до 2025 година и ќе биде вовед во целосен пресврт за тој бренд.

Кога станува збор за дизајнот, ќе следи стилот претставен со концепт моделот Mantа–е претставен минатата година.

 

Според досегашните податоци, Manta треба да биде сместен во сегментот D, што значи дека ќе му конкурира на моделот Y на Tesla.

Се веруваше дека Opel ќе понуди еден спортски електричен автомобил, но досега никој од официјалните лица на тој производител не ги потврди овие наводи на германските специјализирани медиуми.

Она за што се согласуваат многу новинари од Европа е дека новата Opel Manta ќе биде домаќин на платформата STLA Medium.

Станува збор за модуларна архитектура која ќе ја користат поголем број возила од Stellantis.

Оваа основа треба да им овозможи на EV моделите автономија до 700 km.

На пример, ова е повеќе од она што денес го нуди Tesla Model S во варијантата со најдолг домет (односно со пакет на батерии со најголем капацитет на моќност)…

Се очекува Opel во наредниот период да објави повеќе информации за идната Manta и да одреди кога ќе се појави на пазарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По кинеската и полицијата во Берлин со право во грижа поради Tesla камерите

JAGUAR  – Преминува од 3- годишна на 5- годишна гаранција

Шефот на Tesla: Финализиран дизајнот на серискиот Cybertruck

Наскоро обновен DS Crossback

Отповик за 61,000 возила на BMW

И за Американците бензинот станува прескап – Њујорк укинува дел од данок на фосилно гориво

Марко Блажевски освои подиум на Twingo EUROCUP 2022 на реномираната патека  RED BULL RING

Twingo Cup викендов се вози во Австрија

Tesla ги запре нарачките од Европа и Кина за pick up моделот Cybertruck