Новата Opel Mokka на нови рендери- близнак на Peugeot 2008!

Во Оpel и во Vauxhall уште во текот на минатата 2019 година го запреа производството на помалиот crossover модел Mokka X, што од почетокот на продажбата во 2012 година е продаден во повеќе од 900.000 примероци од што само на пазарот во Велика Британија биле пласирани повеќе од 200.000 примероци.

Судејќи по се, а и по пишувањето на медиумите, наследникот би требало да се појави во продажба во текот на наредните 12 месеци.

Кога станува збор за неговиот можен изглед  тој е прикажан на новите рендери објавени од страна на британскиот специјализиран магазин Auto Express.

Исто така, можно е новиот модел да се вика едноставно Mokka, односно без X суфикс во името.

Покрај 1.2 PureTech турбо бензинскиот мотор со три цилиндри, со работен волумен од 1,2-литри, тука е и агрегатот со четири цилиндри , со работен волумен од 1.5 –литри, што работи на дизел гориво.

Исто така, купувачите на новата Opel Mokkа ќе можат да се одлучат и за варијанта со потполно електричен погонски систем (најверојатно со електромотор моќен 136KС), во комбинација со батерии со капацитет на моќност од 50 kWh.

Електричниот погонски систем би требало да понуди автономија на возење со едно полнење на батеријата  од околу 320 км.

Исто така треба да се нагласи дека електричната изведба ќе биде направена врз платформата на PSA на која се изградени и „братските” модели Peugeot 2008 и DS3 Crossoback.

Без оглед за која погонска изведба станува збор сите ќе имаат погон само на предните тркала.

Покрај новата платформа и моторите, значително по модерниот „стајлинг” и новите технологии, новата Mokka ќе биде и поголема и ќе понуди повеќе простор во внатрешноста.

Покрај унапредена внатрешност со нов преден панел, како и со волан со зарамнет долен дел, тука е и нов информативно забавен систем.

Секако, во кабината е имплементирана и дигиталната инструмент табла, со германскиот crossover станува уште поблизок до француските „роднини” од заедничката групација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пресврт поради кризата се замрзнува, или забавува електрификацијата на возилата

Иако пазарот запре, сета годишна продукција на овој модел е распродадена

Во Флорида во пожар изгореле над 3.500 автомобили

Саемот во Пекинг одложен за крајот на септември и почетокот на октомври

Нови ознаки на гумите во ЕУ

Alfa Romeo Giulietta заминува во пензија, а пристигнува SUV моделот Tonale

Lexus продал дури 250.000 SUV и crossover модели во Европа

ЕУ регулатива за намалување на емисијата на CO2 од патничките автомобили

Најава за пристигање на новите Jeep Renegade и Compass 4xe