Новата ŠKODA KODIAQ SUV ве „плени“ за една минута!

Во новиот SUV на Чесите, моделот ŠKODA KODIAQ лесно се вљубува, а во тоа е се уверите преку видеозаписот во траење од 60 секунди, каде ќе видите колку напредува, во секој поглед, подновената верзија на популарниот ŠKODA KODIAQ…

Повеќе удобност и дополнителни модерни технологии. Станува збор за ажуриран ŠKODA KODIAQ, најголемиот теренец во гамата на чешкиот производител на автомобили.

Во исто време, ја задржува традиционалната сила (силните страни) на моделот, односно, пространа внатрешност, богата понуда на различни верзии и погонски системи и одлична вредност за парите.

Алекс Монтиро (Alex Montyro) ќе ви ги покаже најважните делови од редизајнираниот теренец. Веруваме ќе ви се допадне.

Повеќе емоции

Дизајнот на ажурираната верзија на моделот KODIAQ му дава на автомобилот повеќе емотивен изглед.

Новата поткрената хауба и редизајнираната исправена решетка на радијаторот додаваат карактер, додека ŠKODA исто така успеа да ја подобри аеродинамиката на моделот, што резултира со помали емисии и потрошувачка на гориво.

Новиот заден спојлер му дава на моделот поспортски изглед, додека робусниот изглед на автомобилот е нагласен со тркала од 20 инчи.

Нови седишта

Новите седишта обезбедуваат удобно патување за патниците. ŠKODA KODIAQ сега може да има ергономски само вентилирани седишта со функција за масажа и тапацир од перфорирана кожа.

Еколошките настроени клиенти можат да се одлучат за опцијата Eco тапацир (пресвлеки), изработена од рециклирани материјали.

Модерна технологија

Виртуелен контролен панел, подобрен аудио систем, безбедносен пакет Crew Protection Assist и ново осветлување на околината се само дел од технологиите што ги нуди новиот ŠKODA KODIAQ.

За прв пат во историјата на моделот, автомобилот може да биде опремен со фарови со Full LED Matrix технологија.

Моќни мотори

Моторите под хаубата на надградениот SUV модел ŠKODA KODIAQ имаат моќност од 150 до 245 КС.

Најмоќна е новата верзија на RS, која е помоќна од било кога, делумно благодарение на префрлувањето на бензинска единица.

Но, популарните дизел мотори, се разбира, сe уште се достапни, во понудата на популарниот SUV од Млада Болеслав.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Alpine A110GT Coupe –побрз посилен, попривлечен и поскап!

BMW XM Concept

Новиот KIA Niro на први фотографии

Најавен Polestar 5

„Дизајнирана во Германија“: Новата Opel Astra разгорува емoции

И официјално новиот Ford Ranger

И официјално претставен новиот Suzuki S-Cross

Изострен дизајн и иновативни технологии за знаменосецот на Audi: Врвниот A8

Toyota GR DKR Hilux T1+ за Дакар Рели 2022