Новата Škoda Octavia максимално безбедна потврдено на Euro NCAP тестот

Чешкиот адут и во својата најнова генерација, што неодамна е промовирана,а што допрва пристигнува на европскиот автомобилски пазар, на деталниот crash тест на независната европска организација за испитување на безбедноста доби максимални пет ѕвезди…

Имено, Škoda Octavia од новата, четврта генерација стартува со одлични оцени.

 

Најпродаваниот автомобил nа Чесите постигнал максимални резултати на тестот за безбедност и се закити со пет ѕвезди на независниот европски програм за проценка на сигурноста на новите автомобили од судир (Euro NCAP).

Така, Octavia стана еден од најбезбедните компактни модели на пазарот.

Гледано според сегменти таа освои  88% од поените во однос на заштита на децата, што е помеѓу најдобрите резултати воопшто кај веќе тестираните возила.

Комплетната приказна ја прави уште поуспешна и цела низа на безбедносни технологии, што мора да се признаа беспрекорно си ја изврши поставената задача.

Пазарниот хит од Млада Болеслав ја продолжува традицијата на одличните резултати со максимална ефикасност за возилата на марката Škoda.

Само како потсетување ќе наведеме дека Чесите можат да се пофалат со цела низа на модели што постигнале одлични оценки, како што се: SUV моделите Kamiq, Karoq и Kodiaq, како и неодамна претставената компактна Scala.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште еден познат автомобил исчезнува од пазарот во САД!

Toyota Corolla – Најпродаван автомобил во првата половина на 2020 година

Шефот на РЅА Opel од идната година ќе носи профит

Golf се врати на врвот на Европа!

SEMA сепак го откажа настанот за 2020 година

Продажбата на Lada го достигна нивото пред кризата и продолжува да расте!

Во Франција расправа за локацијата каде ќе се прави електричната Dacia

Нов шеф на Škoda Auto

Audi подготвува за пензија повеќе модели меѓу кои и R8 и TT