Новата ŠKODA Octavia – пристигна на домашниот пазар

Новата, четврта генерација на најпосакуваниот семеен автомобил на нашиот пазар ŠKODA Octavia благодарение на Porsche Македонија, овластениот увозник на возилата Volkswagen, Audi, Porsche, Seat, Škoda VW комерцијални возила, пристигна во нашата земја и веднаш е презентирана на медиумите и јавноста….

-Бидејќи со сè што правиме, главниот фокус е секогаш на клиентот. Секој производ или услуга што ги нудиме целат кон тоа да предизвикаат пеперутки во нашиот стомак, да го инспирираат умот и да го убедат срцето.

Во склоп на целиот наш опсег на модели, еден исклучително ја постигнува оваа цел веќе цели 60 години.  ŠKODA Octavia е столб на портфолиото на возила од чешкиот бренд . Големиот број на клиенти го ценат неговиот просторен ентериер, безвременски дизајн и одличната вредност за вложените пари. Добредојдовте во комплетно новата генерација на ŠKODA Octavia- рекоа од Porsche Македонија”.

Надворешност привлечна комбинација на елеганција и динамика

Надворешниот дел е комплетно нов, со многу детали кои непогрешливо говорат – Skoda. Со должина од 4,689 мм и ширина од 1,829мм, новата генерација е подолга за 19мм и поширока за 15мм, додека сега, меѓуоскиното растојание изнесува 2,686мм. Оваа разлика во димензии е евидентна во внатрешниот дел, каде просторот е максимално искористен за врвен комфор на патниците.

Дизајнот на надворешноста пресликува типична, но сепак многу елегантна ŠKODA. Кристален дизајн, прецизен и безвременски. На предниот дел се наоѓа новата, дистинктивно решетка со хромиран финиш во форма на шестоаголник.

Покрај неа се наоѓаат комплетно новите full LED Matrix светла со остар, кристален дизајн и функција за индивидуално гаснење на лед диодите и пренасочување на светлината од сообраќајот што доаѓа од спротивниот правец, со што се избегнува заслепување на возачите. Трепкачите се интегрирани во самите LED светла.

Дизајнот на предницата се пренесува по должината на целото возило преку препознатливата т.н. Торнадо линија и завршува на задниот дел, на кој јасно се забележува линијата која го нагласува класичниот и елегантен изглед на Octavia.

На задниот дел, се истакнуваат гордо испишаните букви ŠKODA на средина на задната врата од багажниот простор, која е електронски прилагодлива, а просторот за багаж сега изнесува огромни 600 литри.

Задните светла се составени од бројни индивидуални LED диоди, додека трепкачите се интегрирани со ефект на анимација.

Внатрешност за уживање во комфор и возење

Дизајнот на внатрешноста е целосно променета. Пред вас е воланот со два краци и дигиталниот кокпит со избор помеѓу четири прикази на информации. Basic, кој ги покажува најважните информации, Classic – кој ги враќа традиционалните текометар и брзинометар, Navigation – со кој на целиот 10 инчен екран го гледате патот до вашата дестинација и Driver Assistance – кој нуди детални информации за сите системи.

Во погледот на возачот е и head-up дисплејот кој ги прикажува моменталната брзина, навигација како и сообраќајните знаци директно на ветробранското стакло.

На централната конзола се наоѓа 10 инчен информативно – забавен систем, со големи и јасни икони и одлични shortcut копчиња за едноставно ракување. Функциите на системот можат да бидат контролирани со гестикулации или во комуникација со Лаура, вашиот личен, ŠKODA виртуелен асистент.

Комфорот на седиштата е бескомпромисен во сите нивоа на опрема, како лумбарната поддршка и функцијата за масажа.

Сите материјали во внатрешноста се меки на допир, обложени со кожа или квалитетна ткаенина кои даваат севкупно премиум чувство.

Оставите во вратите се големи, просторот во наслонот за рака е одличен, а во одделот за телефон е интегриран безжичен полнач. Дополнително, за патниците се достапни 5 USB приклучоци.

Во задниот дел, веднаш се забележуваат зголемените пропорции во однос на претходната генерација. Сега, патниците имаат уште поголем простор за максимален комфор при долги патувања.

Кога станува збор за практичноста, Octavia од секогаш е лидер во класата. Низ целата внатрешност интегрирани се многу детали кои секако ќе ви бидат од корист, како џебовите за телефон на страничните делови од предните седишта.

Веќе познатите Simply Clever решенија продолжуваат и во новата генерација на Octavia. Како што се гребалката за мраз која се наоѓа под капакот за полнење гориво, со која исто така можете да ја измерите длабочината на шарите на вашите пневматици.

Држачи за таблет на задните страни од седиштата, чадор во предните врати, како и штипка за паркинг тикет на ветробранското стакло.

Големината на багажниот простор изнесува 600 литри, што е речиси двојно повеќе од некои возила во класата. Со спуштени седишта, просторот се зголемува на неверојатни 1740 литри.

Во багажниот простор паметно интегрирани се повеќе закачалки, дополнителни прегради за организирање на багажот, двоен под со гумена и страна од ткаенина, додека багажната врата се отвора електронски.

Безбедност на највисоко рамниште

Новата Octavia стандардно доаѓа со системот за итно сопирање, систем за одржување на коловозна лента, како и функцијата за итен повик во случај на незгода.

Дополнително достапни се системите за набљудување на слепа точка, систем за спречување на незгода, предупредување при напуштање на возилото и системот за сообраќаен метеж.

Интелигентниот адаптивен темпомат врвно го олеснува патувањето, додека сензорите и задната камера се секогаш корисни при паркирање.

Мотори- поагилни, почисти, поефикасни

Понудата за Octavia започнува со 1.0 и 1.5 литарски турбо бензински мотори со мануелен или автоматски DSG менувач со двојна спојка и моќност од 115 и 150 коњски сили.

Дизел верзиите, сега емитуваат 80% помалку NOx гасови од порано, благодарение на двата секвенцијални катализатори. Моќноста на 2 литарскиот дизел мотор изнесува 150 коњски сили.

Новата генерација на ŠKODA Octavia најголемата, најудобна и најбезбедна досега, а со тоа сигурно ги надминува сите очекувања. Според мноугмина идеалното семејно возило со кое ќе поминувате безброј авантури.

Во однос на цените, уште на почетокот рековме дека Škoda Octavia одличната вредност за вложените пари , па така 1.5 TSI со мануелен шестстепен менувач и Ambition ниво на опременост се продава по цена од 19.700 евра, додека истиот модел со Style опременост чини 22.510 евра. Octavia TDI EVO со 115 КС и мануелен менувач во Ambition ниво чини 21.200 евра, додека во Style изнесува 24.040 евра. Истиот мотор, но со 150 КС и автоматски DSG менувач чини 25.360 евра во Ambition, односно 27.910 евра во Style ниво на опременост. Од Порше Македонија истакнаа дека во следните месеци се очекуваат и останатите верзии на Škoda Octavia во нашата земја, односно Combi- караван варијантата, како и верзиите со хибридни погонски системи и Top Gun изведбата со значка vRS.

Погледнете ги сите информации на:

www.skoda.com.mk

или посетете го салонот на ŠKODA.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Peugeot 108 доби освежување и нови бои

Volkswagen Golf 8 Alltrack -2021: crossover изведен од караванот – Variant

Нови дополнителни информации за Toyota Corolla Cross

Lamborghini го претстави Sian Roadster вреден над три милиони евра и веднаш го распродал

Hyundai го покажа ликот на Elantra N Line

Cupra го претстави својот жежок hatchback на струја, el-Born

Спортскиот Hyundai i10 N Line доаѓа од Измир!

Во Peugeot подготвуваат мини crossover- 1008?

Почнува откривањето на новата S Class (W223)