Новата Škoda Rapid пристига 2021 година!

Изведба на Scala во лимузинска варијанта, или, пак скратена Octavia како и да ја прифаќате доаѓа со атрактивна и динамична става растегната на 453 cm, со што е за 16 cm покуса од деновиве претставениот главен адут на Чесите, четвртата генерација на Octavia …

Откако Škoda Scala го замени Rapid, што се произведуваше во стандардната лимузинска верзија но и во скратена Spaceback (hatchback) изведба на каросеријата, многумина покажаа „жал“ за лимузината што заминува.

Првиот Rapid, имено, во основната верзија беше всушност скратена Škoda Octaviа.

Успешниот старт на новиот модел нa Škoda Scala, многумина ја бараа растегнатата верзија, особено на пазарите какви што се Русија, Индија и Кина, а мора да признаеме и на нашите каде нов автомобил се купува на „метри“ се разбира согласно цената и стандардот.

Поради тоа конструкторите во Млада Болеслав осмислиле динамична и атрактивна продолжена верзија од 436 на 453 cm, што би била интересна за спомнатите, како и за повеќето пазари во развој и на Стариот континет.

Истовремено тоа ќе биде и скратена за 16 cm верзија на новата лимузина на Чесите Škoda Octavia IV.

Концепт верзија на тој автомобил се очекува некаде на пролет наредната 2020 година, најверојатно на почетокот на март на салонот за автомобили во Женева.

Тогаш би требало да биде и познато дали втората генерација на Škoda Rapid моделот ќе стаса и на европските пазари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште еден познат автомобил исчезнува од пазарот во САД!

Toyota Corolla – Најпродаван автомобил во првата половина на 2020 година

Шефот на РЅА Opel од идната година ќе носи профит

Golf се врати на врвот на Европа!

SEMA сепак го откажа настанот за 2020 година

Продажбата на Lada го достигна нивото пред кризата и продолжува да расте!

Во Франција расправа за локацијата каде ќе се прави електричната Dacia

Нов шеф на Škoda Auto

Audi подготвува за пензија повеќе модели меѓу кои и R8 и TT