Нови Alfa Romeo Giulietta и Alfa Romeo GTV

Alfa Romeo Giulietta модел за 2025 се враќа на голема врата со електричен погонски склоп моќен 245 и 490 КС во топ верзија, но поинтересна е веста за враќање на спортската икона – GTA моделот, со хибриден погон со 600 КС и електричен со дури 900 тркачки грла на струја…

Развојот на четвртата генерација на моделот Alfa Romeo Giulietta, на крилата на концернот Stellantis, повторно е ажуриран, а Alfa Romeo би можел да го оживее познатиот модел.

На електричната SLA платформа се развива модел кој ќе користи ДНК на електрични модели PSA спакувани во атрактивен стил во стилот на познатата марка од Милано.

Шефот на дизајнот Алехандро Месонеро-Романос (Alejandro Mesonero-Romanos) е задолжен за создавање на целосно електричен, нов и агресивно дизајниран модел на Giulietta.

Во основната верзија со еден мотор од 180 kW (245 КС) треба да пружи доволно задоволство при возењето, со автономија од 500 km.

Секако, електричниот Top Gan модел GTA би имал два мотори со комбинирана моќност од 490 КС при погон на сите тркала (4 × 4).

Можеби поважна вест, особено за љубителите на моделот Cuore Sportivo, е дека одбројувањето започна.

Имено, Alfa Romeo GTV модел за 2025 година, вистински „Cuore Sportivo“, на сцената се враќа со  plug-in хибриден погонски склоп што ќе испорачува моќ од  600 KS но и електричен супер спортист со дури 900 KS

Првата генерација на GTV, базирана на култниот модел Alfa Romeo Giulia, се произведуваше од 1967 до 1976 година, а втората генерација (1995-2005) беше изведена од моделот Alfa Romeo 155. Познатиот италијански бренд Alfa Romeo, по паѓањето под капа на Stellantis концернот, основан на почетокот на минатата година, доби нов замав.

Еден од приоритетите е враќањето на познатиот модел на  брендот – Ala Romeo GTV.

Атрактивниот стил, наменет за реинкарнација на брендот Cuore Sportivo, ќе биде спакуван на новата платформа STLA-Medium, прилагодена за plug-in хибриден и електричен погон.

Ова покажува дека трансформацијата во целосно електрични погони нема да оди толку брзо или непречено и дека голем број клиенти ќе бараат мотори со внатрешно согорување.

Затоа, основната верзија ќе има plug-in хибриден погон базиран на битурбо бензин 2.9 V6, подобрена верзија на моторот од Alfa Romeo Giulia QV, кој ќе биде опремен со E-Boost (KERS верзија на Формула 1), кој ќе има погон на сите тркала (4 × 4) носаќе има 600 КС

.

Електричната верзија само со погон на предните тркала ќе има 330 kW (449 КС), а електричниот Top Gan, со два електромотори со вкупна моќност од 660 kW (898 КС) ќе овозможи забрзување до 100 km/h за 2,7 секунди.

Презентацијата треба да биде на крајот на 2024 година, за моделската 2025 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Renault Austral ја открива својата елегантна и мускулна силуета

Opel продолжува со забрзана електрификација

Тоyotа за три години со солидни батерии во EV и хибридните возила

Батеријата на EV полнете ја до 90% од капацитетот – ќе биде подолговечна!

Tesla Model S Plaid ја зголеми максималната брзина на 262 км/ч

Hyundai иднината ја замислува во симбиоза со роботи!

Тesla Model S со батерија од startup компанија со едно полнење минал 1.020км

И Sony ќе произведува електрични автомобили – Vision-S 02 concept

Новиот Fiat 500 на CES 2022