Нови детали за перформанс изведбите на VW Golf 8

Од Волфсбург, деновиве, пласираа нови дополнителни детали, за спортските изведби на Volkswagen Golf, со ознаки GTI, TCR, R кои на пазарот ќе се појават во текот на оваа 2020 година, а че има и дизеел со супериорни перформанси – GTD …

Специјализираните портали имагазини подолго време се занимаваат со лансирање на детали за перформанс креациите на последната, осма, генерациј на иконата од Волфсбург.

Мешу нв е и еномираниот британски магазин Car пштопишува дека Golf GTI ќе бид задвижуван од  2,0-литарски турбо бензинец, со четири цилиндри, надграден со благ хибриден систем од 48 V кој ќе развива 232 КС.

Купувачите ќе можат да избираат помеѓу шест-степен мануелен или како опција, седум -степен автоматски менувач.

Тие кои посакуваат нешто подобри перформанси ќе можат да купат GTI  и TCR исто така со турбо бензинци, со четири цилиндри и со работен волумен од 2,0-литризаедно со благ хибриден систем.

Таа верзија ќе испорачува моќ од 288 КС и ќе има диференцијал со ограничено пролизгување, поголеми – помоќни сопирачки и тркала, а ќе биде и дополнително спуштена, односно поблиску до тлото, за подобро „лежење“ на патот и поголема забава во возењето..

Секако, согласно новата номенклатура на компанијата Golf R ќе биде на врвот на понудата, а неговиот  турбо бензински агрегат, со четири цилиндри и со работен волумен од 2,0-литри ќе понуди 330КС и 400 Nm максимален момент на  вртење.

Ќе доаѓа во комбинација само со седум степен автоматски менувач, а силата ќе се пренесува на сите четири тркала.

Според шпекулациите, GTI и дизелскиот GTD ќе дебитираат во март тековната 2020 година, а TCR и Golf R, шест месеци подоцна, односно во септември истата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

VW го смени шефот за развој на софтвери- Дојде како засилување, заминува како разочарување!

Jeep освои престижни награди со моделите Renegade, Wrangler и Grand Cherokee

Во идниот квартал Tesla планира да произведе рекорден број електрични возила

Новиот Bronco на нови фотки пред официјалната промоција

Cupra Tavascan и натаму останува концепт, засега без планови за производство

Едно цело село во Франција ќе вози Renault Zoe!

Брендирани маски и еколошки Fiat 500e за претседателот на Италија!

Ставата на Ferrari 250 GTO повеќе не е заштитена – реплики на повидок

Наскоро Mercedes-AMG GT Black Series