Нови фотографии и детали за Škoda Octavia Combi

Од Škoda и во овие теши услови на глобална пандемија маркетинг тимот работи со полна пареа и го задржува фокусот на јавноста на новата генерација на нивниот бестселер и најпродаваниот европски караван Octavia Combi со нови фотографии и детали…

Од Škоda објавија нови фотографии за својот бестселер Octavia, а сега фокусот е на верзијата Combi што на пазарот ќе се појави пред седан верзијата.

Новата генерација на Octavia за прв пат може да се пофали со хибриден погон, но во понудата ќе се најде и стандардната бензинска, како и дизел верзија, но и верзија која ќе се движи на компримиран природен гас.

Верзијата Combi ќе биде првата што ќе се појави на европскиот пазар оваа пролет, со оглед на тоа дека е попопуларна од останатите два вида на каросериски верзии. Караванската верзија на Octavia во претходната генерација беше најпродаваниот вагон во Европа.

Како што е случајот и со новите Seat Leon, VW Golf и Audi A3 кои исто така се поставени на MQB Evo платформата, така и четвртата генерација на Škoda Octavia Combi е уште пософистицирана од претходно.

Новата генерација на Octavia доаѓа со широк спектар на погонски склопови со моќност помеѓу 109 и 201 КС.

На врвот на понудата е plug-in хибридната верзија Octavia iV кој се напојува со комбинација на 1,4-литарски TSI бензински мотор со електричен мотор и 13 kWh батерија за комбинирана моќ од 201 КС.

Хибридниот погонски систем со едно полнење на батеријата ќе може да понуди возење само во електричен режим од околу 60 км.

Инаку, покрај стандардниот хибрид Octavia iV, тука е и перформанс верзијата Octavia RS iV.

Дизајнот на новата генерација на Octavia е револуционерен, а истото важи и за пространоста на моделот. Škoda ги промени димензиите на својот автомобил, правејќи го подолг и поширок од својот претходник.

Tоa резултира со поголем простор за патниците на задната клупа и поголем простор во багажникот, кој според капацитетот од 640 L (караван верзија) е најголем во сегментот.

Внатрешноста e речиси целоснo обновена, со нова инструмент табла и централен екран со димензии од 8.25 до 10 инчи, како и опционален 10.25-инчен Virtual Cockpit, oдносно дигитален инструмент кластер.

Тука е и новиот управувач со два крака и нови контролни копчиња.

Бројот на опциите во опремата е поголем од било кога, а вклучува и Ergo седишта со масажери и вентилација, head-up екран, греење на предното стакло, Climatronic со дејствување во три зони…

Новата Skoda Octavia Combi ќе се појави во продажба оваа пролет, по што ќе следува и хечбек верзијата неколку недели подоцна

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Citroen подготвуваат наследници на С4 и на Cactus

Нови фотки и детали за Hyundai Prophecy

Иако се уште не е во продажба за него стасала над 600.000 нарачки

Годинава Volkswagen со plug in hybrid погони во Tiguan и Arteon

Alfa Romeo GT Junior на струја и со повеќе од  500 КС

Претставен Genesis G80, лимузина “џелат” на Mercedes Е класа…

Баварците подготвуваат лимитиран број X5 изведби со погон на хидроген за 2022

Во план и Hyundai Elantra N

Нови фотографии на продукциската верзија на Peugeot 508 PSE