Нови фотографии на продукциската верзија на Peugeot 508 PSE

Peugeot објави сет фотографии од сериската верзија на енергичната и потентна хибридна верзија на моделот 508 PSE…

Моделот Peugeot 508 привлече огромно внимание со своето појавување на пазарот, пред се со несекојдневен изглед што го прави еден од нај привлечните во D сегментот, а преплавеност со модерна технологија, заедно со ефикасните мотори му даваат многу адути за успех на пазарот.


Во таа насока е и активноста на маркетинг тимот на компанијата да објави повеќе фотографии од продукциската верзија на 508 PSE (Peugeot Sport Engineered).

Јасно е дека во Peugeot сакаат дополнително да ја збогатат понудата на моделот 508, па така овој модел ќе добие и варијанта со одлични перформанси.
Мудрите одлуки на француската компанија доведоа до тоа електрификацијата да не претставува пловење по непознати води за Peugeot, туку истата да се очекува со раширени раце.


Така, 508 PSE претставува plug-in хибрид. Peugeot за прв пат овој модел го претстави минатата година на Меѓународниот Салон за автомобили во Женева, но во концептно издание.


Сега, благодарение на новите фотографии, имаме увид во тоа како ќе изгледа верзијата која е наменета за сериско производство.
Суштински, визуелните измени во однос на минатогодишниот концепт се минимални и суптилни, што е гаранција дека автомобилот и понатаму останува привлечен заводник.


Моделот делува прекрасно, а со себе носи и неколку поспортски елементи во однос на стандардниот модел.
На предната страна се забележливи додатоците на браникот, црната решетка со блескави црни детали има поагресивен дизајн, црно лого, како и поенергична долна решетка со два нови отвори на страниците.


Профилниот поглед дава помускулест изглед, додека на задната страна можат да се забележат додатоците на браникот, две кружни издувни цевки и поистакнат дифузер.

Но, и покрај тоа што сега имаме шанса да видиме како ќе изгледа продукциската верзија на автомобилот, се уште нема прецизни информации за погонскиот склоп.

Концептуалното издание располагаше со 400 КС и 500 Nm вртежен момент, што му овозможуваше од 0 до 100 км/ч да забрзува за 4,5 секунди, а максималната брзина изнесуваше 250 км/ч.


Не е исклучено овие бројки да бидат променети, пред се поради фактот што DS9 моделот исто така е достапен и како хибрид, а истиот располага со „само“ 360 КС.

Сепак, од друга страна, можеби PSA групацијата ќе одлучи да го направи Peugeot 508 PSE со уште подобри перформанси.
Како и да е, треба да се остави времето да покаже какви ќе бидат спецификациите на овој автомобил.


Се очекува Peugeot да ги открие сите детали за новиот 508 во текот на летото, а испораката на автомобилот би требало да започне кон крајот на годината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

VW Nivus денес имаше глобална премиера

Новиот Genesis G80 дрско и без ронка страв на мегдан со Audi, BMW и Mercedes!

Специјална понуда Citroen C3 Aircross Rip Curl

И BMW Serieѕ 6 Gran Turismo ги затегна брчките!

Обновенa BMW Series 5

Обновени Mercedes E Сlasѕ Coupe & Cabrio

Најавен новиот Hyundai Santa Fe

Jeep Compass добива турбо бензински мотор со волумен од 1.3-литри

Можно ли е или само шпекулација – Fiat ќе ги спои 500X и 500L во 500XL