Компанијата од Мелбурн – Acusensus соработува со австралиската Федерална управа за безбедност на патиштата и Универзитетот Грифит (Grifith) за да развие технологија базирана на вештачка интелигенција која ќе го мери вниманието на возачот, времето на реакција, контролата, сето тоа во реално време, пишува CarExpert…
Користејќи модели на однесување на возачот со брзина на возење, шеми на патека и странични движења во сообраќајните ленти, технологијата може да испраќа информации до локалните полицајци за да преземат понатамошни активности.
За време на развојот, компанијата изјави за 7News дека користи симулатор кој покажува компјутерски генерирани верзии на вистински патишта во неколку австралиски градови за да го научи однесувањето на возачите кои се трезни или пијани.
Возачите се тестираат во симулатор под дејство на алкохол за да се соберат податоци за нивниот начин на возење, во алкохолизирана состојба, пренесуваат специјализираните портали.
Податоците допрва треба да се имплементираат во хардверот на камерата, но компанијата вели дека планира да го стори тоа откако податоците ќе бидат соодветно анализирани.
Во вистинска имплементација, хардверот може да се распореди каде било и тоа во секое време, но прво ќе се тестира во приколка на неколку стотици метри од полициските патролни возила, додека софтверот ќе користи процес во четири чекори: распоредување, снимање, автоматизирана анализа и преглед.
На многу високо ниво, софтверот ќе снима слики од возила што минуваат низ бројни камери, инфрацрвен блиц, леќи и систем за филтрирање, а потоа ќе ги внесува во софтвер базиран на вештачка интелигенција кој ќе ги детектира потенцијалните возачи што управуваат возила под дејство на алкохол. Системот потоа ќе ги прегледа и ќе ги испрати сликите до полициските службеници на личен преглед за да одреди дали полицајците треба да го застанат и да го тестираат одредениот возач.\
Целта на оваа технологија е значително да се намали бројот на смртни случаи што им се припишуваат на возачите под дејство на дрога или, пак под дејство на алкохол.
Компанијата истакнува дека од воведувањето на програмата за камера за откривање мобилни телефони во државата Нов Јужен Велс (Австралија), има шест – кратно намалување на прекршоци откриени со камерите за детектирање на употреба на мобилните телефони во возење и намалување за повеќе од 20 проценти на бројот на смртни случаи на патиштата предизвикани токму поради користење на мобилен телефон во исто време кога прекршителот управувал со моторното возило.