Нови камиони на сребрената ѕвезда  Actros F и Edition2

Mercedes-Benz, и во услови на пандемија со многу новини – промовирани нови модели Actros F и Edition2 а од 2021 година се подготвува сериско производство на eActros

Mercedes-Benz Камиони вклучува уште два нови модели во своите редови, новиот Actros F и Edition 2.

Со моделот Actros F, Mercedes влегува во категоријата камиони-влекачи над 18 тони, кој воедно се истакнува и со зголемена ефикасност и функционалност.

Располага со перформанси на моторот кои ослободуваат 449 КС и вртежен момент од 2200 Nm.

Edition 2, модел чие производство е ограничено само на 400 возила, влегува во сегментот на премиум камиони за долги релации. Моторот е со зафатнина од над 15 литри и ослободува 625 КС.

Со најновите иновации, новиот Actros e сега на многу повисоко ниво со поголема ефикасност, подобра удобност за возачите, како и зголемена безбедност,

Иновациите како што се Multimedia Cockpit, MirrorCam, безбедносните системи и одделно развиените функции за возење обезбедуваат одлично функционирање и извршување на зголемените барања при транспорт на тешки товари или долги релации.

Многу награди, вклучувајќи ја и меѓународната „Камион на годината за 2020 година“, само потврдуваат дека Mercedes-Benz камионите постојано поставуваат нови стандарди.

Во меѓувреме, се вршат подготовки за старт на сериско производство на новиот електричен камион на Mercedes, eActros.

Производството ќе се врши во фабриката во Wörth и се планира до 2022 година, да се постигне драстично намалување на загадувањето од  CO2, а од истата година ќе се премине кон производство со помош на т.н.„зелена“ енергија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет децении на брендот Range Rover

Осветлената „ѕвезда со три крака“ причина за масовно повлекување на SUV модели на Mercedes

Макпетрол совети за патување со автомобил низ регионот

Fiat 500 Electric 3+1 со дополнителна трета врата

Hyundai i20 N и официјално

Саемот во Њујорк поместен за август следната година

Уште еден автомобил на струја од Кина – NIO EE7

Нов шеф на дизајнерскиот центар на SEAT

Се планира најмоќниот перформанс SUV на Баварците