Во Германија симнати од тронот на нај неодговорни возачи, односно со најголем број казни за прекршоци и дивеење зад управувачот, возачите на Pordshe!
Порталот Check24 ги собра најновите податоци за казнените поени за сообраќајни прекршоци во Германија и корелацијата со брендовите на автомобили.
Има промена на овој неславен врв.
Возачите на Porsche, кои водат на оваа неславна табела подолго време, мораа да им го отстапат првото место на возачите на Cupra, пренесуваат специјализираните портали.
Трети сопственици се Jaguar со 6,6 отсто, а високo, во оваа конотација котира и брендот на електрични автомобили – Теslа.
Овој резултат и скокот на Cupra на врвот се објаснува со фактот дека возачите на оваа марка на автомобили се претежно млади.
Во многу случаи, за жал, младоста е и лудост, со несакани, па дури и фатални последици…
Марка Процент на возачи со бодови
- Cupra 8.1
- Porsche 7.3
- Jaguar 6.6
- Tesla 6.4
- Alfa Romeo 6.2
- Land Rover 6.0
- BMW 5.8
- Audi 5.7
- Lexus 5.7
- Chrysler 5.6
Просек на сите марки автомобили 4.8