Нови рендери на Bimota КВ4

Откако Kawasaki купи 49% од акциите во компанијата Bimota, вљубениците во креации на два тркала со нетрпение ги чекаа конкретните резултати од ова партнерство…

Првиот мотоцикл, наречен Tesi H2, беше типично дизајнерска студија на марката од Римини, а самиот погон на два тркала привлече големо внимание.

Вториот модел е на пат, и се чини дека уште повеќе ги заинтригира фановите  на мотоцикли.

Нови рендерите на претстојната машина се пронајдени на Интернет, но сè уште не е јасно дали тие потекнуваат од Bimota, или дали дизајнерот едноставно си поиграл со Photoshop.

Како и да е, крајниот резултат е навистина извонреден модел. Очигледно е базиран на Z 1000 (и Z 1000 SX) агрегатот, што во превод значи нешто повеќе од 140 КС и 109 Nm максимален вртежен момент

Мотоциклот е на Kawasaki, но очекуваме сè друго да има препознатливи елементи на Bimota, барем кога станува збор за возење и ракување со истиот. Ова значи дека предните и задните амортизери се на Оhlins, како и Brembo сопирачки на двете тркала.

Ќе мора да почекаме за подетални информации. Но, засега, ова не е воопшто лоша работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Harley-Davidson custom од Грција – половинаа мотоцикл, половина мит

Piaggio MP3 скутерот добива активен аеродинамичен систем?

Akira concept на мотоцкил што просто ве остава без здив!

Honda ADV 150 пристига во Европа

Aprilia подготвува новTerra 250

Протекоа фотографии на новиот Benelli BN600i

Kawasaki EV Endeavor – електричен мотоцикл со мануелен пренос

Прв custom BMW R nineT со „Руска душа“

Освежување и неколку новини за Lexus LC 500