Нови тизери за подновениот Hyundai т i30 пред неговото дебито во Женева

Подновениот модел од компактната класа на производителот на автомобили од Јужна Кореја Hyundai ќе биде официјално претставен на почетокот на март, годинава на претстојниот салон за автомобили на брегот на Женевското езеро…

Во Hyundai не го намалуваат темпото на обнова на комплетната нивна понуда на европскиот пазар. и во тоа темпо продолжуваат, по новиот i10 и најавата за следната генерација на моделот i20, сега на ред е и дотерувањето на претставникот од С сегментот од Јужна Кореја, моделот i30.

Фејслифтингот на моделот i30 веќе е завршена, а Hyundai ја објави и првата тизер фотографија за тоа што ги очекува љубителите на корејскиот бренд на саемот во Женева, каде што ќе биде глобалното деби пред пошироката јавност.

Прикажаниот модел на i30 е во најпрестижниот пакет на опрема со ознака N Line, па така дотеран и освежен Hyundai i30 делува навистина поатрактивно одошто досега.

Во преден план се поагресивните линии на предниот дел од возилото, каде е променет изгледот на одбојникот, дневните светла се вметнати во остатокот од светлосните групи, а тука се и поголемите вшмукувачи  за воздух како и изменетата решетка на маската на ладилникот .

Иако Hyundai не објави официјални фотографии од задниот дел од возилото, но врз основа на тоа што можеше да се забележи претходно на шпионските фотографии кои кружеа на интернет, може да се заклучи дека и задниот дел ќе претрпи промени, а тоа најнапред би се однесувало, на обликот задниот браник како и на светлосните групи.

Јужнокорејската компанија потврди дека освежениот i30 ќе има и поголем избор на тркала, со големина од 16, па до 18– инча.

Освен надворешноста, со ре-стилизација е опфатена и внатрешноста на автомобилот и i30 ќе добие дигитална инструментална табла, како и 10,25-инчен екран чувствителен на допир за контрола на информативно забавниот систем.

Исто така, се очекува и рестилизираниот i30 N кој ќе добие освежување и кој конечно би можел да го добие долго очекуваниот автоматски менувач со двојна спојка кој во Hyundai го најавуваат веќе подолго време.

Освен тоа производителот на возила од Јужна Кореја има планови и за имплементирање и на погон на сите четири тркала, пред се да може да му конкурира на идниот Volkswagen Golf R од осмата генерација на иконата од Волфсбург.

Но, како што сега за сега стојат работите за тоа нема никакви најави, па останува да бидеме трпеливи и да почекаме до саемот во Женева, а можеби и по него.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Jaguar Land Rover Project Vector- иднината на убаната мобилност

2020 -Nissan Navara N-Guard унапреден работник за тешки задачи!

IED Tracy concept

Во Женава Toyota ќе настапи со мал crossover oд B сегментот

Во Женева деби на луксуз со Bentley Mulliner Bacalar

Конечно откриен Volkswagen Golf R (2021)- Top Gun компакт со 333 KS!

2021 Kia Sorento интуитивност за оубаво чувство во возењето!

Volkswagen Golf 8 GTD подготвен за дби на Palexpo 2020 во Женева!

HANKOOK е избран од AUDI за фабричко вградување во новите AUDI Q8 и SQ8