Новиот Alfa Romeo 8 C – Hybrid co 800 KS

Во рамките на планот за развој на производителот од Италија за петгодишен период од 2018, до 2022 година, како еден од главните адути истакнат е новиот Alfa Romeo 8C, што со напредна хибридна технологија ќе испорачува моќ од дури 800 KS…

Првите рендери со можниот изглед ги презентира угледниот портал за автомобилизам Motor1.com, a веќе на прв поглед се гледа дека новиот Alfa Romeo 8C ќе биде под големо влијание на дизајнерите од Маранело.

Имено, технологијата на Ferrari во најголема мера се наоѓа под прекривката од лим на автомобилот од Милано.

Тоа, всушност, е и логично бидејќи веќе долго време се нижат најавите за разни жешки модели на Alfa Romeо што ќе користат хибридна технологија. А, Ferrari веќе има богато искуство на тоа поле.

Пред се од настапите во Formulа 1, но и во конструирање на болиди за јавни патишта каков што е на пример Ferrari LaFerrari.

Само како потсетување ќе навееме дека пред неколку месеци се најавени top-gun Alfa Romeo Giulia Coupe, односно Alfa Romeo GTV, како што официјално ќе се викаат.

Ќе бидат со хибриден погонски систем, a вкупната сила од 641 KS ќе ја црпат од комбинацијата на турбо бензинецот со работен волумен од 2.9-литри со шест цилиндри поставени во форма на латинската буква V и електомотор.

Ист set-up ќе користи и новиот Alfa Romeo 8C, но со нов турбо полнач и цо всисниот и системот за издув, како со посилен електромотор ќе располага со комбинирана сила од дури 800 KS.

На тој начин Alfa Romeo ќе се позиционира веднаш до , или само едно скалило под, моделите на Ferrari, a ќе може рамноправно да се спротивстави на било кој супер спортист во светот…

Иако на официјалната презентација на пет годишниот план на работење на компанијата е истакнато дека Alfa Romeo 8C ќе забрзува од 0 до 100 km/h за помалку од три секунди, со оглед дека наместо најавените 700 ќе развива 800 КЅ би требало да се очекува дека катапултирањето од место до 100 km/h ќе биде околу или дури под 2,5 секунди!.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аукција на реткиот егзотичен караван- Aston Martin DB5 Shooting Brake

Ford Ranger со сопствена икона за паметен телефон!

Германски, возбудлив, прифатлив: Видео серија 120 години на иконите на Opel

Полицијата во Лондон воведе дронови за лов на опасни возачи и улични тркачи

LEGO мотоцјкл Harley Davidson Fat Boy

Ferrari Purosangue ќе биде посилен од Lambroghini Urus

Пред 120 години основана Италијанската фабриката за автомобили Торино

Bentley прославува 100-ти роденден!

Среќен роденден Fiat 500!