Новиот Aston Martin на Бонд преполн гаџети за тајниот агент 007!

Продолжувањето на  Goldfinger  DB5 на Aston Martin е полн со скриени уреди што на тајниот агент на нејзиното височество му го спасуваат живот…

Деновиве од Aston Martin објавија фотографии од развојот од уредите инспирирани од филмовите за овој автомобил од 3,6 милиони долари.

Минатото лето Aston Martin најави дека ќе конструира продолжение на автомобилите 25 DB5 за цена од околу 3,6 милиони долари по возило и потенцираат дека тоа ќе бидат верни репродукции на оригиналниот автомобил на Џејмс Бонд – Goldfinger.

Секое DB5 продолжување ќе дојде во комплет со скриени уреди како и оние од Бонд, а од Aston Martin објави неколку слики кои го истакнуваат развојот на овие уреди.

Некои од најважните вклучуваат генератор на чад, цевки од автоматска пушка кои минуваат низ предните трепкачи ( но не се вистински пушко митролези туку цевки во форма на митролез со сијалици на врвот кои трепкаат како рафална стрелба) и прскалки што испуштат масло на паатот , поставени зад задните трепкачи, исто како во автомобилот од филмот.

Инаку, Aston Martin го ангажирал Крис Корбулд, надзорникот за специјални ефекти од филмовите на Џејмс Бонд, за инженерскиот аспект на уредите.

Како и да е’ дел од уредите од оригиналниот филмски автомобил не се прикажани тука, помеѓу кои и сечилата што се извлекуваат од главите на тркалата, регистарските таблички кои се вртат со ротација, како и седиштето кое го катапултира совозачот, или пак заштитниот од куршуми  панел што е издига зад ветробранското задно стакло, или пак радарот за следење.

Дали некој од овие уреди ќе биде успешно вграден во продолжението на автомобилите допрва треба да се открие.

За егзотичен автомобил од 3,6 милиони долари, кој што не може да се регистрира за возење во јавен сообраќај, мора да признаеме дека со овие гаџети е импресивен и привлечен

А за колекционерите и вљубениците во марката и во филмската франшиза за Бонд тие се вистинска драгоценост ( иако е тоа и со самата цена)!.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

VW добива нов шеф доаѓа од директорската „фотељата” во Porsche!

За Ford Bronco нема непристапен терен!

Tesla подготвува уште еден pick-up, покрај Cybertruck

Infiniti станува Nissan plus!

Lexus IS ситно брои до глобалната премиера на новата гeнерација

10-те најпопуларни автомобили во Германија

Porsche Behind the scenes: Ново доживување за сопствениците на возил од  брендов

Првиот човек на Tesla ја доби првата исплата од oколу 800 милиони долари

Електричен Hercules Alpha