Новиот Aston Martin V6 twin turbo мотор

Моторот ќе го задвижува хипер спортскиот автомобил  Valhalla што на пазарот би требало да пристигне во текот на 2022 година…

Моторот има  „Hot V” конфигурација што му овозможува добра моќност, поддршка за електрификација и има маса помала од 200 кг (440 либри -lbs). Моторот ќе има систем на така наречен „сув резервоар„, a во Valhallа ќе биде во комбинација со хибриден систем. Исто така дизајниран е да ги исполни сите идни барања за емисија на штетни гасови според Euro 7 нормите.

„Овој проект од самиот почеток беше голем предизвик,” рекол главниот инженер на погонскиот систем Јорег Рос.

„Од самиот старт имавме слобода да истражуваме и да иновираме на начин на кој не можевме долго време. Но најважно е тоа што сакавме да создадеме нешто што ќе донесе револуција и ќе направи Valhalla да биде посилна од конкуренцијата “.

Од Aston Martin се уште не ги потврдиле спецификациите за погонскиот склоп, а во официјалната документација доставена до дистрибутерите на Valhallа потврдиле дека британската марка цели кон моќ од над 1.000 KС.

Моторот ќе доаѓа во комбинација со осум степен -F1 инспириран менувач со двојна спојка.

Од Aston очекуваат хипер автомобилот да забрзува од 0 до 100 км/ч за 2,5 секунди и да постигне топ брзина повисока од  354 км/ч.

Производството на автомобилот ќе биде лимитирано на 500 примероци на глобално ниво, a цената стартува од 1.016.614 американски долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Страничното паркирање никогаш полесно

Honda најави опции на рачни контроли во новите модели

Технолошки и безбедносен напредок – BMW Driving Assistant View

Michelin најавува од 2023 гумите доаѓаат со чипови

BMW патентира волан што менува форма

Samsung претстави батерија за EV со досег од 800 км

Car2X нов технолошки бисер што доаѓа во Golf 8!

Авто-пилотот на Tesla ќе ги детектира боите на семафорите

Cupra Leon Competición подготвена за патеки со помош на 3Д принтер