Новиот Audi A4 пристига 2023 ги задржува бензинците и дизелите

Според британските медиуми, следната генерација на Audi A4, исто така, ќе ги задржи моторите со внатрешно согорување, иако целосно електричната верзија би можела да се појави подоцна во нејзиниот пазарен циклус….

Новиот А4 се очекува во текот на 2023 година, на истата MLB платформа како и сегашниот модел. Исто така, ќе се карактеризира со повисока електрификација, со благи и plug-in хибридни варијанти. Асортиманот исто така ќе вклучува бензински и дизел мотори кои шефот за технички развој Оливер Хофман ги опишува како најдобри што некогаш ги направиле.

Хофман наведува дека моделот А4 е супер-важен за компанијата, бидејќи сочинува околу една петтина од нивната глобална продажба. Иако ќе се нудат и дизели, најголемиот дел од понудата ќе биде префинет 2.0-литарски турбо бензинец, со блага ( mild) хибридна технологија, со инсталација од 48 волти.

Исто така, идниот A4 plug-in хибрид ќе може да помине до 100 километри во потполно електричен режим на експлоатација. Рендер од британскиот магазин Auto Express го прикажува можниот изглед на новиот А4, кој инаку ќе биде неколку милиметри подолг од сегашниот, додека растојание помеѓу оскиите, според наводи од компанијата, би требало да остане горе -долу исто.

На сето ова треба да се додаде помодерен ентериер, системи за поврзување, како и долга листа на системи за безбедност и помош на возачот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Alpine A110GT Coupe –побрз посилен, попривлечен и поскап!

BMW XM Concept

Новиот KIA Niro на први фотографии

Најавен Polestar 5

„Дизајнирана во Германија“: Новата Opel Astra разгорува емoции

И официјално новиот Ford Ranger

И официјално претставен новиот Suzuki S-Cross

Изострен дизајн и иновативни технологии за знаменосецот на Audi: Врвниот A8

Toyota GR DKR Hilux T1+ за Дакар Рели 2022