Новиот Audi R8 добива хибриден погонски систем

Од Инглоштад потврдуваат дека електрификацијата ќе го „погоди“ и нивниот супер спортски модел во новата генерација…

Оливер Хофан (Oliver Hoffman) извршен директор на Audi Sport, во неодамна даденото интервју за еден специјализиран автомобилски магазин ја допрел и темата на новата генерација на Audi R8, што патем речено наскоро треба да пристигне.

Најавената нова генераија на супер спортскиот модел на брендот со четири прстени во логото ќе почувствува и врз своја „кожа“  што значат прилагодувања кон новите и се построги еколошки правила во Европската унија што се однесуваат на емисијата на штетните гасови.

Кажано на едноставен народен начин шефот на спортскиот оддел на Audi, јасно дал до знаење дека наредната генерација на R8 во еден дел ќе сојде и во електрифицирана форма, односно дека ќе располага и со хибриден погонски систем!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Баварците ќе ги задржат бубрезите на маската на моделите и во електричната ера

Европа наопаку, а Русите правилно!?!?

Се продава Jaguar XK120 Roadster што бил сопственост на Клерк Гебел

Mercedes-Benz слави 120 години на постоење

Претставен новиот Fiat Strada

Киев размислува за забрана на користење на приватни возила

Audi пронајде начин да помогне да се прекрати времето во карантин

И Hyundai го менува логото, а Mercedes ja намали ѕвездата

Електричниот Fisker Ocean ќе има и воена и верзија за спасување