Новиот BMW M2 кон крајот на 2022

Новата BMW Series 2 Coupe (внатрешни назнаки G42) ќе ја доживее својата премиера кон крајот на оваа година, додека втората генерација на BMW M2 Coupe (назначен G87) според некои информаци ќе започне со производство во декември 2022 година…

Како и стандардното Coupe Series2, идниот M2 Coupe ќе има малку подолго растојание помеѓу оските  (+ 51 mm), поширока трага на тркалата, дистрибуција на тежина од 50:50, како и поголема торзиона цврстина.

Тековните информации велат дека новиот M2 Coupe ќе има 3.0-литарски, со шест цилиндри twin-turbo мотор, стандарден 6-степен мануелен или опционален 8-степен автоматски менувач и погон на задните тркала.

Од самиот почеток на продажбата ќе бидат достапни стандардниот М2 со околу 410кс и помоќниот М2 конкуренција со околу 430кс.

Исто така, новиот BMW M2 Coupe ќе има поагресивен аero body kit, тркала М (до 20 инчи), задни светла со OLED графика, спортски издувен систем, спортска суспензија, електронски контролиран М диференцијал, посилни сопирачки, спортски седишта и спортски управувач тркало/

Производството на новиот М2, според некои информации, ќе се одржи во фабриката на BMW во Сан Луис Потоси во Мексико, заедно со новата серија 2 Coupe.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Maserati Grecale пристигнува 16 ноември

Aura EV – футуристички двосед на струја со голема автономија

Идната генерација на Dacia Duster -хибриднa, но и натаму пристапна

Toyota Corolla Cross GR Sport

Во Zenvo Automotive планираат хибриден супер автомобил

Претставен Nissan GT-R:ексклузивна верзија за најсреќните

Citroen C5 Aircross Black Edition

Geely Vision X6 Pro

Претставен BYD Ocean-X Concept