Новиот BMW S1000R

Еден од моделите чие деби за 2021 година се очекуваше, BMW S1000R, штотуку е претстави од страна на баварската марка…

Станува збор за братучед на streetfighter на сегашната генерација S1000RR, што значи дека може да се пофали со нов мотор и шасија.

И двата елементa доаѓаат од superbike, со мотор со четири-цилиндри, на BMW S1000R подесен за подобри перформанси на улица, наместо да биде брз на патеката.

Има 162 КС (121 kW) и 114 Nm максимален вртежен момент при 3.000 вртежи во минута.

Ако тие бројки ви звучат познато, не е ни чудо. Тие се истите бројки што ги има моделот во заминување.

BMW Motorrad работеше на преносот на силата на S1000R, а промените резултираат во помалку бучава и вибрации на моторот, како и подобра потрошувачка при возење на отворено.

Германците велат дека S1000R изгубил повеќе од 4,5 килограми, па сега тежи 199 килограми.

Таа тежина може дополнително да се намали со пакетот „М“ за S1000R, кој носи ковани или карбонски тркала.

Кога станува збор за електрониката, постои инерцијална мерна единица со шест оски (IMU), а во пакетот на дополнителна опрема се и бројни додатоци за возачите.

Стандардниот пакет вклучува ABS Pro, динамична контрола на влечење, LED светла и 6,5-инчна TFT табла со инструменти.

Дополнителни опции вклучуваат режими на возење Pro, динамична контрола на сопирање, MSR и поставки поврзани со контролата на сопирање на моторот.

Засега нема збор за тоа колку ќе чини новото BMW S1000R.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицијата во Милано доби засилување на две тркала

Moto Guzzi со нови модели го слави 100-от роденден

Ducati го произведе 350.000-от Monster

EICMA ги објави датумите за 2021 година

Претставена MV Agusta Superveloce Alpine – во лимитирана серија

BMW електричен концепт со странична приколка

SYM EF3 претстави електричен скутер

Нова заедничка креација на Ducati и Lamborghini – Diavel 1260

BMW Motorrad Definition CE 04