Новиот BMW X6 M пристигнува 2020

„Ист“, a битно подобар, третиот X6 на новата CLAR-платформа, ќе има вграден турбо бензински мотор со работен волумен од 4.4-литри со осумцилиндри во V8 конфигурација со 600 KS и 750 Nm, што од 0 до 100 km/h забрзува за 4,1 секунди и постигнува топ брзина од 280 и повеќе km…!

Тезниите помеѓу поклоноиците на баварската автомобилска марка полека кулминираат и за годинава главен новитет од Минхен е  Seriеѕ 3 од седмата генерација, a за следната 2020 подготвува  BMW X6 трета генерација.

Дизајнерски се потпира на претходните модели, а од 500 метри ќе може да се виси дека е тоа V6, a ќе биде така паметно скроен, така што сопственците на актуелниот модел нама да има чувство дека нивниот метален миленик, баварски јуришник, преку ноќ „остари“‘.

Ќе биде незначително подолг и поширок, a за еден сантиметар понизок. Направен е на новата CLAR-платформа  (Cluster Architecture) и ќе биде  90 kg полесен, а 20 % поцврст, благодарение на поголемото учество на челик со ултра висока цврстина  (UHTS) композити и алуминиум.

Покрај тоа пониско е поставено и тежиштето за повеќе од еден сантиметар, што ќе биде дополнителен мелем за перформанси и динамика во возење.

„Top gun“ моделот  BMW X6 M ќе биде опремен со bi-turbo бензинец со работен волумен од 4.4-литри, со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква  V, со моќност од 600 KS и 750 Nm, позајмен од новиот M5, со „паметен“ погон 4×4 и спортска изведба на веќе прославениот осум степен ZF автоматик.

Од 0 до 100 km/h така опремен спринтира за  4,1 секунди, а изворно максималната брзина ќе биде електронски лимитирана на 250 km/h, a во Performance пакетот таа ќа биде отстранета и ќе може да јури со топ брзина поголема од  280km/h.

А кога ќе се залета на лентата за преткнување на автопат, тие што ќе го видат во ретровозор нека се тргаат брги во десно…

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Drako GTE електричен супер автомобил

Jaguar иницира кампања за промена на значењето не еден збор-Car

Audi Q4 e-tron нуди дури и персонализација на светлата

Најавен Bugatti инспириран од моделот EB110 SS

Во Кина – Роботи сообраќајци

Најмоќниот Porsche Cayenne е plug-in хибрид

Volvo размислува за проширување на SUV понудата

Superb поминал точно еден милион километри!

Голема премиера во Франкфурт на Audi RS6 Avant