Новиот Cadillac Celestiq ќе биде поскап за 30% од Bentley Flying Spur

Имаше временски период во автомобилската индустрија кога Cadillac навистина го претставуваше светскиот стандард….

Зборуваме за 1930-тите кога беше повеќе престижно да се поседува модел на оваа американска марка од Rolls Royce или Maybach, а Cadillac е една од само трите марки кои нудеа сериски модел со шеснаесет цилиндри, директно од фабриката.

Исто така ни подари и мотор со осум цилиндри и палење на клучот, па дефинитивно зазема многу важно место во историјата.

Таквата слика беше во голема мера „извалкана“ во текот на 1970-тите и 1980-тите, благодарение на скандалите околу доверливоста и споделувањето на механиката со Chevrolet, но марката дефинитивно се враќа на големата сцена во претходните години.

Сè уште не може да им парира на германските и јапонските ривали со клиенти со многу длабок џеб, иако новиот теренец Escalade-V чини дури 150 илјади американски долари и во голема мера е распродаден.

Cadillac се подготвува и со радост чекори кон електричната револуција како и сите други марки, а за да го докаже своето знаење, наскоро ќе дебитира со нов модел наречен Celestiq.

Ваквите вести можеби нема да привлечат толку внимание, бидејќи денес сите имаат слични планови, но американскиот гигант сака Celestiq да го претставува самиот врв на светската автомобилска индустрија.

Згора на тоа, колегите од веб-страницата WSJ тврдат дека неговата цена ќе биде околу 300 илјади американски долари “, што ќе го направи за околу 30% поскап од новиот Bentley Flying Spur со семоќниот бензински мотор со дванаесет цилиндри.

Мора да напоменеме дека најверојатно ќе важи правилото „понуда и побарувачка“ каде салоните ќе можат да бараат многу повисока премиум цена од сите оние кои сакаат да припаѓаат на „ексклузивниот клуб“ и да го поседуваат Celestiq.

Производството инаку ќе биде ограничено на само 300 единици годишно.

Значи, што може да понуди четири тркала за да ја оправда таквата бројка?

Не сме сигурни бидејќи Cadillac не е подготвен да сподели многу информации, но WSJ верува дека причината лежи во рачното склопување кое се разбира не е евтино.

За разлика од повеќето модели кои излегуваат од подвижните ленти, Celestiq ќе се составува рачно на посебна локација и нема да споделува ништо со останатите браќа од General Motors.

Интересно е што за локацијата е избран центарот во градот Ворен во рамките на американската сојузна држава Мичиген.

Изграден е во далечната 1956 година за тестирање на нова технологија, а Celestiq ќе биде првиот сериски автомобил од овој центар.

General Motors неодамна соопшти дека ќе инвестира околу 80 милиони долари за модернизирање на центарот за таков подвиг.

Производството е планирано за 2025 година, а до тогаш сигурно ќе дознаеме повеќе информации.

Засега моќеме само да се восхитуваме на илустрација од колегите од страницата Auto Evolution каде што можеме да видиме неколку идеи за тоа како би можел да изгледа Celestiq, врз основа на претходните електрични модели на брендот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

GМ се враќа во Европа со понуда на електрични возила

Ferrari ќе произведува возбудливи EV

Подновен Chery Tiggo 5x

Ferruccio Lamborghini стана член на Автомобилската куќа на славни

Тesla со сопствена лента на граничен премин

Се подготвува наследник на Bugatti Chiron

Полицијата на Франција го обожава иноцскиот радар

Маск сака брзи сервиси за моделите на Tesla како тие во pit-stop на F1

Toyota ја разви новата Tundra анализирајќи ја таа што поминала милион милји