Најавен во декември минатата година, новиот Chevrolet Aveo неодамна официјално дебитираше во Мексико, во две верзии на каросерија sedan и hatchback…
Меѓутоа, новата генерација на Aveo е развој на заедничкото вложување (претпријатие) SAIC-GM-Wuling во Кина, а претходно беше познат само под кодното име 310C.
На кинескиот пазар истиот автомобил ќе се продава под локалната марка Wuling.
Како што пренесуваат мексиканските медиуми, новото Aveo ќе биде опремено со атмосферски 1,5-литарски бензински мотор со моќ од 98 КС, со стандарден шест (6)-брзински мануелен или опционален автоматски менувач за пренос на силата.
Меѓу опремата најавени се тркала со големина од 15 инчи, шест воздушни перничиња, клима уред, 8,0 инчен екран на допир, ABS, задна камера и задни паркинг сензори.
Во Мексико наскоро ќе започне продажбата на новиот Aveo, а подоцна се очекува и негово лансирање во другите земји од Латинска Америка.
Исто така овој новитет ќе може да биде достапен и на пазарите на Блискиот Исток.