Новиот Citroen C3 пристигнува 2023

Хечбекот од сегментот Б на Citroen наскоро ќе добие нова генерација ….

И покрај притисокот на годините, сегашниот C3 сепак има многу добра продажба, пред се на домашниот пазар, но и во Европа. Досега оваа година, испорачани се повеќе од 29.000 примероци во Франција, што е некаде на исто ниво со новата генерација на Dacia Sandero (29.144). Значи, овој мал автомобил со логото на стилизиран „шевронен“ сè уште има што да каже.

И во поранешната групација PSA, и во денешниот Stellantis, на Citroen му беше дадена задача да го „скрши мразот“ на пазарите во развој. Така, специјалното издание на моделот C3 (кој има форма на crossover) ќе се обиде да го освои индискиот пазар, како и некои од земјите од Латинска Америка.

 

Француските автомобилски новинари најавуваат дека идниот C3 ќе се префрли на платформата CMP, која ја користат Peugeot 208 и Opel Corsa, но и еден модел од истата куќа – C4. Сепак, малиот градски освојувач на Citroen треба да се заснова на малку поедноставна архитектура од онаа што ја користат попрестижните браќа. Секако, споменатата платформа го овозможува и EV изданието, кое ќе му биде дадено на следниот C3.  Оваа варијанта ќе го користи истиот ист погон како и електричниот Peugeot 208, што значи еден електромотор со моќност од 136 КС и батерија од 50 kWh.

Што се однесува до гамата на мотори на внатрешно согорување  веќе е сигурно дека Citroen нема да нуди дизел мотори во новата генерација на суб-компактот. ранцуските новинари се убедени дека довербата ќе биде дадена само на една единица, моторот со три цилиндри познатиот и потврден 1,2 PureTech, кој треба да дојде во комбинација со благ (mild) хибриден систем.

Наводно, C3 ќе понуди само две конфигурации на овој погонски систем. Послабата, односно воведната ќе испорачува 80 КС, додека помоќното издание ќе понуди 110 „грла“. Идниот модел нема значително да порасне, така што се очекува да биде ист или сличен по големина како и сегашното мал автомобил.

Стилот сепак ќе се смени, а претстојниот C3 се очекува да има малку повеќе робустен изглед, како и да ги остави познатите пластични панели на вратите AirBumps. Новиот C3 треба да ја започне својата комерцијална кариера на крајот на 2023 година, а датумот на неговата премиера сè уште не е познат.

Она што е познато е дека Citroen C3 ќе се состави во фабриката во Травна, Словачка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова Dacia Logan Caravn на рендери

Subaru Forester facelift

Почна производството на  Citroen C5X

Новиот KIA Sportage во црна боја изгледа ко да е од друга планета!

И официјално новиот Lexus NX 2022

Најавен нов Maserati GranTurismo

Најавен нов Audi RS3

Nissan Z

Официјално Volkswagen Multivan T7