Новиот  Citroen C5 Aircross SUV: Веќе  продаден во над 50,000 примероци!

Шест месеци по неговото ланисрање новиот Citroën C5 Aircross SUV  веќе има над 50,000 продадени возила што го прави трет најпродаван патнички автомобил од марката

Како резултат на тоа, во првиот квартал од годината секое четврто купено возило од Citroën  e некое од SUV гамата, C3 Aircross SUV или C5 Aircross SUV.

Во Франција каде што и се произведува ( во Рен), во првиот квартал од годината, новиот Citroën C5 Aircross SUV е високо позициониран како втор најпродаван SUV во „C“сегментот.

Овој комерцијален успех придонесе за динамиката на продажба на Citroën кој оствари најголем раст помеѓу најпродаваните 12 автомобилски марки на европскиот пазар ( 30 земји) од самиот почеток на годината.

Со уникатен дизајн, удобност и модуларност но и опремен со 20 системи за помош при возењето, новиот Citroën C5 Aircross SUV ја потврдува својата моќ на привлекување и преку богатиот продажен микс, особено што секој втор испорачан C5 Aircross SUV е со највисоко ниво на опрема од врвот на гамата (верзија Shine).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Помал SUV на Fiat за пазарите во Јужна Америка

Tesla Model 3 – Запрено производство поради премногу проблеми!

KIA во првото полугодие со одлична продажба!

В. Британија со повеќе станици за полнење на EV од бензински пумпи!

Во сила Законот за субвенции на нови и половни поеколошки возила

Фрлање догорче од цигара од автомоби во Грција може да ве чини возачка дозвола

Компактниот Jaguar и crossover coupe на BMW платформа!

Hyundai Nexo со oдлична оцена од IIHS

Infiniti Edition 30 во чест на три деценискиот јубилеј на марката