Новиот електричен автомобил на Volkswagen се продава како алва!?

За тоа доволно говори податокот дека во првите 24 часа од отворањето на книгата за нарачки пристигнале повеќе од 10.000 барања за аеродинамичниот компактен автомобил, со форма на моноволумен од Волфсбург…

Од Volkswagen објавија дека интересот за целосно електричниот модел ID.3 на брендот, за кој веќе пишувавме поопширно од неговата вчерашна промоција, ги надмина првичните очекувања на компанијата

Од Volkswagen коментираат дека корисничкиот интерес кон моделот ID.3 1ST е голем.

Со првите нарачки предвидувањето на брендот е сериозно надминат зошто само за првите 24 часа по отворањето на приемот на барања за купување на електричниот автомобил се пријавиле повеќе од 10.000 нарачки од европски потрошувачи.

Претставниците на пилот серијата ID.3 1ST ќе понудат богата опрема и автономна километража до 420 километри, а сето то доаѓа со цена од 40.000 евра.

 

Стандардната верзија на моделот, со автонмија од околу 300 km, поради помалиот капацитет на батеријата  ќе чини под 30.000 евра во Германија.

Идните сопственици на ID.3 1ST кој ќе биде пуштен во производство пред крајот на 2019 година и ќе почне со испорака во средината на следната година, ќе можат да се потпрат исто така на едногодишно бесплатно полнење на сите станици вклучени во мобилната апликација WeCharge.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Datsun redi-GO facelift

Најавена новата Nissan Frontier

Еуроимпекс во партнерство со меѓународниот проект во рамките на програмата  „Еразмус +“

Извозната агенција на Италија одобри заем за Fiat Chrysler

Најавена електричната Nissan Ariya

VW го загуби клучниот спор во аферата Dieselgate

Женева 2021 под знак на прашалник!

Renault затвора четири фабрики во Франција!?

Во Dacia подготвуваат нов SUV со седум седишта