Новиот Fiat Punto ривал на Dacia Sandero

Според италијанските медиуми, вториот автомобил на Fiat од B-сегментот (по новиот 600) ќе биде хечбек од B сегментот долг нешто помалку од 410 см, кој, повторно според италијански извори, би можел да се нарече Fiat Punto…

Овој автомобил ќе ја користи базата што ќе го добие и новиот Citroen C3 и автомобилот на италијанската компанија за Латинска Америка кој треба да биде новиот Fiat Argo.

Новото Fiat Punto, кое се очекува до крајот на претстојната 2024 година, би можело да има навистина конкурентна цена, толку многу што може да се смета за директен ривал на Dacia Sandero.

Имено, новиот автомобил на FIAT би можел да има почетна цена од околу 13.000 евра.

За разлика од новиот модел 600 кој ќе биде дел од таканаречената „емотивна“ понуда на Fiat, новото Fiat Punto ќе биде дел од она што е дефинирано како „рационално“ и затоа ќе се фокусира на навистина добра вредност за парите.

Исто така, според гласините, не е исклучено овој автомобил да се вика Uno наместо Punto или некое друго име кое е дел од историјата на торинската марка.

Во секој случај, се очекува моделот прилично да отстапува во стилот од концептот Centoventi (на сликата), кој Fiat го покажа на салонот во Женева во 2019 година.

Повеќе детали за овој иден автомобил би можеле да пристигнат во следните неколку месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Tata е чекор поблиску до отворање фабрика за батерии за електронски возила во Велика Британија

Ford Transit 2024 година

Lada има најстарa понуда, а кинескиот Zeekr најмлада

McLaren има приоритет на профитабилноста пред електричните автомобили

Renault стана втор најпродаван бренд во Европа

Низ Минхен ќе возат автономните возила на Volkswagen

BYD Dolphin: Кинез кој може да ги збуни Европејците

Haval H6 затегнување на брчките

Во Германија запалени десет автомобили на Теslа,