Новиот Green NCAP за проценка на еколошката прифатливост на возилата

Во Euro NCAP започна со работа посебна поделба што ќе се ја тестира еколошката прифатливост на автомобилите – Green NCAP

Имено, Euro NCAP,  независна  европска организација што прави crash test за нови автомобили, сега ќе ги процени разликите помеѓу официјалните податоци на производителот и фактичките отфрлања на штетни материи.

Новата програма за проценка на еколошката настроеност кон околината на автомобилите го носи името Green NCAP и е активирана во соработка со владите на европските земји, автомобилските клубови и други организации.

Со помош на рејтингот, Green NCAP ќе ги прикаже автомобилите со најмали загадувања на животната средина, кои притоа остануваат економични, а со тоа ќе се мотивираат производителите да развиваат и нудат еколошки автомобили.

Новата програма ќе работи во две насоки – испуштање на емисии и енергетска ефикасност / потрошувачка на гориво.

Лабораторијата симулира начини на работа како ладно стартување на моторот, загреан мотор, еко и спортски режим, како и сообраќај на автопат. Мерењата ќе бидат на реални патни тестови, по што за секој параметар се дава една од петте проценки – зелена – good (добро), жолта – adequate (прифатливо), портокалова – marginal (маргинална) weak (слабо) и црвено – bad (лошо), а потоа се трансформираат во веќе познатите Euro NCAP ѕвезди.

Во првиот тест за Green NCAP оценувани 12 автомобили

Hyundai Ioniq и BMW i3 (електрични модели) добиле максимум 5 ѕвезди, а VW UP! GTI добил четири ѕвезди, додека BMW X1 2.0d и Mercedes-Benz A200 имаат три ѕвезди. Следува  Ford Fiesta 1.0 EcoBoost е оценет со две ѕвезди, а со по една ѕвезда се Audi A7 50 TDI, Volvo XC40 T5 и Subaru Outback 2.5.

Моделите VW Golf 1.6TDI и Fiat Panda 1.0 добиле нула ѕвезду, иако се во согласност со стандардот за чистота Евро 6b, кој се уште е во сила за модели презентирани до септември 2017 година.

Но, од овој септември сите модели ќе треба да одговараат на жестоките стандарди Euro 6d-temp, и обновените верзии ќе мора да одговараат на зголемените барања.

Засега, електромобилите се дефинитивно „зелени“ и никој со мотор со внатрешно согорување не го достигнува нивото со пет ѕвездички.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ZF со копилот засега само за отворен пат!

Toyota го забрзува развојот на електричната понуда!

Надворешни перничиња кај автомобилите од ZF

Системот eHorizon на Continental ќе спаси милијарди литри дизел кај шлеперите!?

Mercedes-AMG од 2,0-литри ќе понуди 421 KS!?

Volvo повторно воодушеви на полето на безбедноста

Jaguar Land Rover со нов управувач со сензори за поголема безбедност!

И Honda најави вградување на виртуелни ретровизори!

Титулата „Меѓународен мотор на годината“повторно за 1.0 EcoBoost на Ford!