Новиот Hyundai Tucson се разоткри пред јавноста

Hyundai штотуку го претстави новиот Tucson, и веќе на стартот може да се уловат неколку интересни детали што креираат навистина интересна приказна…

Hyundai Tucson штотуку се појави во својата четврта генерација. Моделот Tucson беше претставен во 2004 година заедно со својата сестра Kia Sportage модел и со текот на годините се етаблираше како една од најбезбедните аквизиции во својот сегмент, со продадени 1,4 милиони единици.

Но, сега е време за сосема нов модел што сега со себе носи интересен изглед во стил на „Sensuous Sportiness“ дизајнерскиот  јазик на Hyundai, во пракса значи нова, иновативна предна решетка што може целосно да ги скрие LED фаровите кога не се осветлени со темни геометриски модели кои се исти како и на маската на моторот.

Интересни решенија се протегаат и на задниот крај на возилото каде што сега доминира голема LED -лента што ги поврзува светлосните групи од лево и десно. Задниот бришач е скриен под спојлерот, а тука е и еден вид дифузер со издувен систем на десната страна.

Внатрешноста се одликува со карактеристично дизајниран кокпит со голем централниот екран на допир наа инфо-забавниот систем, со димензии од 10,25 инчи во дијагонално.

Дека Hyundai е во тренд, сведочи и отстранувањето на традиционалните копчиња за климатизација со која се управува преку екран на „допир“. Дизајнот на воланот е исто така интересен, а покрај тоа тука има и многу практични прегради за мали нешта.

Амбиенталното осветлување во 64 бои и 10 нивоа на интензитет ќе ги надополни ноќните возења, а квалитетот на материјалот е подигнат во споредба со неговиот претходник.

Исто така, функциите Apple CarPlay и Android Auto ќе бидат достапни со послаби пакети на опрема каде што ентериерот е украсен со 8-инчен екран.

Во однос на моторизацијата, новиот Tucson нуди најширок спектар на електрифицирани погонски единици во компактниот SUV сегмент.

Постојат три електрифицирани погонски агрегати, па дури и два мотори со внатрешно согорување, како и четири опции за преносна силата.

Покрај електрифицираните погонски единици за кои ќе се зголеми побарувачката, Tucson е достапен и со конвенционални мотори со 1,6 T-GDI со 150 КС и 1,6 CRDi со моќност од 115 КС.

Бензинскиот мотор 1.6 T-GDI стандардно доаѓа со шестстепен интелигентен мануелен менувач (6iMT) или седум степен менувач со двојна спојка (7DCT). Помоќната верзија на овој мотор испорачува 180 КС и исто така нуди погон на сите тркала.

Ќе има и нов мотор 1.6 CRDi 48V со моќност од 136 КС, во комбинација со благ хибриден мотор и автоматски менувач 7DCT.

Клиентите исто така ќе можат да изберат и plug-in хибридна верзија на комплетно новиот Tucson со гореспоменатиот мотор 1.6 T-GDI и моќните 265 КС.

Целосно новиот Hyundai Tucson ќе стане третата генерација модели што ќе се произведуваат во Европа во фабриката Hyundai Motor Manufacturing Czech (HMMC) во Ножовице, Чешка.

Втората генерација на Tucson беше првиот модел произведен во HMMC, што дополнително ја нагласи посветеноста и посветеноста на Hyundai кон европскиот пазар.

Моделот ќе пристигне на домашниот пазар до крајот на годината, а за цената и деталните спецификации на опремата, останува да почекаме уште малку!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi Q5 Sportback без маска

Новата Fabia пристигнува вгодина

Ford ја претстави Puma ST- перформанс crossover „жешка ѕверка“

Подновениот Range Rover Velar и со plug-in hybrid верзија

Peugeot 508 PSE официјално претставен

И официјалнјо претставен електричниот VW ID. 4

Новиот Renault Megane Conquest – Хибриден SUV Coupe за Стариот континент

Нови камиони на сребрената ѕвезда  Actros F и Edition2

VW со големи планови за ID.4