Новиот Italjet Drugster дебитира во Милано

Новиот Novi Italjet Dragster, во издание за наредната 2020 година ќе биде една од позначајните премиери на претстојниот овогодишен саем за мотоцикли EICMA, во Милано…

Новиот Dragster ќе донесе DNK на оригиналниот модел од 1998 година, a тоа вклучува и оголен челична трелис рамка  и малку поинаков регулирање на конвенционалните „вилушки“.

Тоа што е воочливо е новиот далеку поагресивен изглед на овој мотоцикл.

Кога се ќе се земе во предвид, изгледа дека е дефинитивно подготвен да се појави  на улиците.

На сајтот на производителот е наведено дека мотоциклот ќе биде задвижуван од Euro 4 агреагат со четири такта во варијанта на работен волумен од: 125, 150 и 200 сантиметри кубни.

Како потсетувањ и како запознавање за тие што не се запознаени Italjet e мал производител на мотоцикли и на скутери од Апенинскиот полуостров, a оригиналниот Dragster има свое посебно место во историјата на овој бренд.

Имено, моделот се стекнал со статус на култен мотоцикл на пазарите ширум Стариот континент, a неговото производство е запрено во 2004 година.

Во овој момент, за жал на сите поклоници на марката и на мотоциклите, нема никакви детални информации за новиот Dragster.

Како и да е реномираниот EICMA салон за мотоцикли почнува на петти (5) наредниот месец (ноември), во Милано, па на сите потребни одговори и нема многу да чекаме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

BMW S 1000 XR, полесен, побрз и поубав

Harley Davidson на EICMA 2019

Индиска Mahindra 100 % сопственик на Peugeot Motorcycles

Ducati iE-bicikale (bicycle)

Првиот мотоцикл на Aston Martin ќе биде претставен идниот месец

Ducati Streetfighter V4 со повеќе од 200 КЅ

Иднината на урбаниот превоз Karmic Oslo

PGM V8 спортски мотоцикл со V8 мотор и 334 КЅ

Нова Triumph Rocket III линија