Новиот KIA Niro на први фотографии

Kia денеска на саемот во Сеул ја претстави новата, втора генерација на моделот Niro, но конкретни технички детали се уште не се објавени во јавноста…

Во секој случај, по пет години, актуелниот Niro добива наследник, во форма на компактен електрифициран crossoveer чиј изглед е инспириран од дизајнот на концептот HabaNiro што се појави во 2019 година.

Меѓу другото, се издвојуваат LED фаровите, уникатниот вертикален дизајн на задните светла, таблата со инструменти поврзана во една единица (вградува дигитални инструменти и екранот на информативно забавниот систем), како и џојстикот наместо класичната рачка на менувачот…

За разлика од EV6, кој се базира на платформата E-GMP, новиот Niro, според претходните информации, сепак ќе има платформа која првично беше направена за возила со мотори со внатрешно согорување.

И покрај тоа, новиот Niro ќе биде поефикасен од претходниот модел, според најавите што се пласирани од реномираниот производител на автомобили од Јужна Кореја.

Како што беше споменато на почетокот, деталите се уште не се пласирани во јаавноста, но познато е дека од следната 2022 година, новото Niro на купувачите ќе им се нуди во хибридна, plug-in хибридна и во целосно електрична верзија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Subaru STI E-RA Concept, Solterra STI Concept, WRX STI Concept и Levorg STI Performance Concept

Нова Honda HR-V за САД

Новиот Peugeot 4008 доаѓа 2023 и во електрифицирано издание

Јeep Renegade 2022

Dacia Bigster пристигнува годинава

Haval KuGou

Нов Citroën C5 Aurcross SUV: Апсолутен комфор во понаметлив и попрестижен дизајн

Промоцијата на Volkswagen ID.Buzz најавена за 9 март

Hybrid BMW Series 7 со 560 КС