Новиот Land Rover Defender на финални тестирања во Кенија!

Иако подготви нови информации за новото издание на легендарниот теренец  чие лансирање на пазарот се ближи, се уште не се појавуваат негови фотографии без камуфлажа…

Всушност, Land Rover и понатаму го испитува и тестира својот нов адут за конечната верзија да биде кадарна да ги исполни очекувањата на поклониците на теренецот и на брендот.

Прототип изведбата ќе помине повеќе од милион миљи за Британците да бидат сигурни дека нивниот новитет ќе одговори на сите барања и на највисоките стандарди.

Во моментот се одвиваат тестирања во Кенија, Африка , земјата на лавовите и слонвите, што се гледа и од најновите официјални фотографии лиферувани од страна на Land Rover.

За новата генерација на Defender не се знае многу. Познато е само дека ќе биде достапен во две варијанти, со стандардно растојание помеѓу оските и со скратена верзија.

Покрај тоа, Land Rover веќе соопшти дека новиот Defender ќе се склопува во фабриката во Словачка.

Кога всушност ќе стартува производството се уште не се знае, но се очекува дека тоа би требало да се случи кон крајот на тековната 2019 година или на почетокот на наредната 2020-та.

Веќе по самиот изглед на прототип верзијата се гледа дека новата генерација нема да има многу што заедничко со некогашниот модел.

Се што ќе се задржи е формата на целиот автомобил во вид на  „кутија“. Британската марка наведува дека наредната генерација на Defender сепак е наменета за нови купувачи.

Кога ќе се појави на автомобилскиот пазар, Defender како свои директни ривали ќе ги има поевтините верзии на  Mercedes G Class, Jeep Wrangler и Toyota Land Cruiser.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новата Fiat Panda Waze, еволуција на нај социјалниот градски автомобил!

Обновена Мazda2

Електричниот Lotus Evija хипер автомобил со 2000 КЅ!

Јeep Wrangler 1941 by Mopar

Opel Omega X (2020) динамична креација изведена од Peugeot 5008

Новиот Jeep Gladiator за Европа

Новиот Nissan Juke најавен за 3 септември

Кон крајот на годинава во Европа пристига Ford Explorer

Електричен Mini Cooper SE -дебитира годинава!