Mercedes ја промовираше втората генерација на електричното комбе eSprinter, кое овојпат ќе се произведува и во Северна Америка….
Mercedes eSprinter беше достапен за Европејците од 2019 година, но тој модел имаше многу краток опсег.
Основните модели со 41 kWh можеа да поминат само 115 km, додека верзијата со 55 kWh имаше опсег од 150 km, што значи дека возилото е добро само за градско возење.

Затоа, Северна Америка не го увезе eSprinter, но овој нов модел ќе се најде на патиштата во САД и Канада во втората половина на 2023 година.
Mercedes eSprinter подоцна ќе се произведува во фабриката на Mercedes во Јужна Каролина, иако првично сите примероци ќе се произведуваат во Дизелдорф, Германија.

Како и да е, новиот Mercedes eSprinter има автономија од 400 km во комбинирано возење и 500 km во градско возење, кога е опремен со најголемата достапна батерија.

Европските купувачи повторно ќе добијат повеќе опции за батерии: пакувања од 56 и 81 kWh за урбани потреби и батерија од 113 kWh за оние купувачи на кои им треба подолг домет.
Батеријата од 56 kWh може да се наполни до 80 проценти за 28 минути, додека на поголемиот пакет од 113 kWh му требаат 42 минути.
Mercedes eSprinter ќе биде достапен со избор од мотори од 100 kW/136 КС и 150 kW/204 КС.
Очигледно, во САД ќе пристигне само посилната верзија, како комбе со долго меѓуоскино растојание, висок покрив и најголем пакет батерии.
Ова комбе има бруто тежина од 4,25 тони и товарен простор од 13,8 кубни метри.
Европските продажби започнуваат со истата конфигурација кон крајот на 2023 година, но други опции за батерии и каросерија ќе следат во 2024 година.
Конечно, eSprinter има помодерен ентериер кој вклучува инфозабавен систем кој ја користи најновата генерација на софтвер MBUX и гласовна контрола „Hey Mercedes“.